19-ти Јуни во .... 1623 - Роден е Блез Паскал, француски математичар, физичар, книжевник и филозоф. Конструира математичка машина (аритмометар) која ги вршеше четирите основни математички операции. Ги постави основите на законот на веројатноста, ја измисли хидрауличната преса и утврди дека притисокот на воздухот опаѓа со висината, така што со помош на барометар може да се утврди висината на планините. Умре на 19.08.1662 година. 1819 - Американскиот параброд Савана пристигна во англиското пристаниште Ливерпул. Тоа беше првиот брод на водена пара кој го помина Атлантикот. 1862 - Конгресот на САД донесе решение за укинување на ропството на својата територија. 1949 - Во Загреб умре Владимир Назор, хрватски писател. Пишуваше епски песни, раскази, романи, есеи, критики и мемоари. Негови познати дела се „Словенски легенди“, „Вели Јоже“ и „Дневникот со партизаните“. Роден е во Постире, на 30.05.1876 година.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |