19-ти Септември 1911 - Во Сент Колам Мејџор, Корнвол, е роден Вилијам Голдинг англиски писател. Во 1983 година ја доби Нобеловата награда за литература. Негови познати дела се „Спирала“, „Пирамида“, „Видлива темнина“, „Господар на мувите“ и други. Умре во Волмаут, на 19.06.1993 година. 1985 - Катастрофален земјотрес со јачина од 8.1 степени според Рихтеровата скала го погоди Мексико. Во него загинаа околу 10.000 луѓе, а материјалната штета е проценета на околу шест милиони долари. 1985 - Во Сиена, во Италија умре Итало Калвини, еден од најпознатите италијански писатели. Негови најпознати романи се „Превоениот виконт“, „Облаци од смог“, „Невидливи градови“ и други есеи и збирки поезија. Роден е во 1923 година. 1992 - Во селото Стајковци, скопско, е поставен и осветен камен-темелник на новата црква „Свети Кирил и Методиј“. 1994 - Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Општата спогодба за царини и трговија (ГАТТ). 1996 - Република Македонија пристапи кон трите конвенции на Меѓународната агенција за атомска енергија. На денешен ден нема верски настан.
__________________ "Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing." |