![]() |
| |||||||
| Значајни настани Државни и верски празници, родендени, свечености... |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| #macedonia @ & Moderator | 1469.- Кралицата Исабела од Кастиља се омажи за арагонскиот крал Фернанд II под чија круна се обединија скоро сите шпански христијански земји. 1685.- Францускиот крал Луј XVI го поништи Нантскиот едикт, лишувајќи ги протестантите од сите верски и граѓански слободи кои во 1598 година им ги гарантираше кралот Анри IV. 1697.- Роден е италијанскиот сликар Џовани Антонио Канал, познат како Каналето, еден од најдобрите сликари на пејзажи во 18. век, мајстор на доловување на атмосферата и ведриот прозрачен колорит. Најмногу ги сликаше Венеција и нејзините канали и палати. 1859.- Во Париз е роден Анри Бергсон, француски филозоф и академик. Разви нов вид филозофија на животот, заснована врз идејата на „животен полет“. Од делата познати му се „Творечка еволуција“, „За смеењето“, „Материја и меморија“ и други. Во 1927 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Париз, на 4 јануари 1941 година. 1860.- Британските трупи ја запалија до темел Јуанминџуан, летната царска палата во Пекинг. 1865.- Умре англискиот државник Хенри Џон Темпл, познат како лорд Палмерстон. Беше двапати премиер помеѓу 1855 и 1865 година. Ја организираше „Опиумската војна“ против Кина и Кримската војна против Русија и беше иницијатор во гушење на антиколонијалните востанија во Индија и во Кина. 1867.- Владата на Соединетите Американски Држави го купи од Русија полуостровот Алјаска за седум милиони и двесте илјади долари. 1893.- Умре Шарл Гуно, француски композитор, кој заедно со Санс, е главен претставник на класичниот правец на француската музика во 19 век. Напиша 200 соло-песни, пишуваше црковна музика и ораториуми. Меѓутоа, најзначајни се неговите опери: "Ромео и Јулија", "Фауст", "Миреј", "Со сила лекар", како и обработката на Баховиот "Прв клавирски концерт". Роден е во Париз, на 17 јуни 1818 година. 1898.- Во Прилеп е родена Васка Циривири, носител на "Партизанска споменица 1941", прв претседател на АФЖ на Македонија, мајка на две ќерки, борци во НОВ на Македонија, кои храбро загинаа во текот на војната. Умре во Скопје, на 13 јануари 1984 година. 1912.- Почна Првата балканска војна која Србија, Црна Гора и Бугарија, ја водеа против Османлиското царство. Војната заврши со примирје на 3 декември истата година. На Мировната конференција во Лондон, на 30 мај 1913 година Турција мораше да се откаже од сите имоти во Европа, освен од Едрене, кое сојузниците не успеаја да го заземат. Македонскиот народ зеде активно учество во војната, очекувајќи дека ќе се избори за слобода и независност. Но, наместо тоа, сојузниците ја поделија Македонија, што, пак, поради "несоодветната поделеност", беше причина за почетокот на Втората балканска војна. 1912.- Во Лозана, Турција и Италија потпишаа Договор за мир, со што заврши Италијанско-турската војна (1911-1912 г.). 1919.- Роден е канадскиот државник Пјер Елиот Трудо, премиер од 1968 до 1979 и од 1980 до 1984 година. 1922.- Основана е Британската радио компанија BBC. 1931.- Во Вест Оринџ, умре Томас Алва Едисон, голем американски пронаоѓач кој го задолжи светот со голем број технички откритија од кои речиси сите се сврзани со употребата на електрична струја. Тој изгради прва електрична централа, ги измисли светилката, монографот (грамофонот), микрофонот, ги усоврши телеграфот, динамо-машината и друго. Современиците го сметаа за "прв добротвор на човештвото". Роден е во Мајлен во 1847 година. 1943.- Во Москва почна конференцијата на министрите за надворешни работи на земјите сојузнички во борбата против силите на Оската. 1962.- По неколку дневните поројни дождови, реката Вардар се излеа во градот и бидејќи не беше регулирано коритото на реката, поплавата го зафати целиот град, се до насипот во населбата Пролет. Поплавата траеше три дена, но без човечки жртви. Беше предизвикана голема материјална штета. 1967.- Како прва во историјата на космонаутиката, советската атомска меѓупланетарна станица "Венера-4", спушти научна лабораторија на површината на планетата Венера. Со автоматските апарати успешно се испитани атмосферата и површината на планетата. 1972.- Потпишана е спогодба со која СССР се обврзува на САД да им ги врати 722 милиони долари, добиени во Втората светска војна врз основа на договорот за заем и за наемнина. 1982.- Умре францускиот државник Пјер Мандес Франс, водач на левото крило на Радикалсоцијалистичката партија. Како премиер во 1954 година за јаврши француската воена интервенција во Индокина. Власта ја изгуби во 1955 година поради стопанските проблеми и побуни во Алжир. Во Втората светска војна се бореше во Движењето на отпорот до 1942 година, по што се префрли во Лондон и учествуваше во воздухопловните акции на сојузниците во составот на бомбардерските групи „Лорен“. 1983.- Научниците на американската Агенција за еколошка заштита го предупредија светот дека е соочен со опасно зголемување на јаглеродниот диоксид во атмосферата кој може да го наруши производството на храна, да го забрза топењето на мразот на половите и да го заголеми нивото на морињата. 1989.- Генералниот секретар на Единствената социјалистичка партија на Германија Ерих Хонкер, веднаш по посетата на Берлин на советскиот лидер Михаил Горбачов поднесе оставка поради „здравствени проблеми“, а за нов шеф на партијата е избран Егон Кренц. 1998.- Најмалку 700 луѓе загинаа при експлозија на нафтовод на југот во Нигерија. 1998.- Во пожарот на најголемиот нафтовод во Колумбија, предизвикан од бомбашки напад на левичарските герилци, загинаа 62 лица. 1998.- Во Република Македонија се одржаа вторите (по осамостојувањето) парламентарни избори. 1990.- Во Скопје умре Гога Џаџу, првоборец и носител на "Партизанска споменица 1941". Роден е во Крушево, во 1922 година. 1994.- Британската кралица Елизабета Втора за првпат во петвековната соработка, допатува во тридневна посета на Русија. Рускиот претседател Борис Елцин, изјави дека посетата е признание за руската демократија. 2000.- Американскиот Сенат одобри продажба на храна и лекови на Куба. Тоа претставува најголема измена во ембаргото кое САД го воведе пред четири децении против Куба. 2005.- Умре идеологот на руската Перестројка Александар Јаковљев. Перестројката значително го измени начинот на живот во земјата, а на крајот придонесе и за распад на Советската држава. 2007.- Најмалку 133 луѓе загинаа, а повеќе од 450 беа повредени во Караџа, при напад на конвојот во кој се наоѓаше поранешната пакистанска премиерка Беназир Буто, која се врати во земјата по осумгодишен егзил. Денеска е Св. маченица Харитина. Во детството остана сираче. Ја посвои некој угледен човек и христијанин Клаудиј и ја воспита како своја ќерка. Харитина растеше зацврстувајќи се во Христовиот дух и избра да живее девствен живот. За време на прогоните на Диоклецијан во третиот век, некојси царски намесник Дометијан ја доведе на суд како христијанка. Откако го исповеда Христа пред судот и ги посрами идолопоклониците, беше ставена на маки. Најпосле судијата прати некои развратни момчиња да ја осквернат. Харитина се помоли на Бога да ја сочува нејзината девственост и кога момчињата дојдоа до неа видоа дека таа веќе го беше предала својот дух.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |
| | |
| Тагови |
| 18ти, октомври |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| 29-ти Октомври | Davor_B | Значајни настани | 0 | 29-10-2008 01:14 |
| 28-ми Октомври | Davor_B | Значајни настани | 0 | 28-10-2008 01:38 |
| 27-ми Октомври | Davor_B | Значајни настани | 0 | 27-10-2008 01:23 |
| 23-ти Октомври | Davor_B | Значајни настани | 0 | 23-10-2008 01:10 |
| 22-ри Октомври | Davor_B | Значајни настани | 0 | 22-10-2008 01:29 |