18-ети Јули 64 - Во Рим избувна голем пожар во кој стариот град изгоре до темели. Легендата вели дека пожарот го подметнал неурамнотежениот римски император Нерон. Но, за тоа нема никакви докази во старите извори. Веднаш по катастрофата по наредба на царот, почнала планска изградба на Рим, така што сите згради морале да бидат ѕидани од камен отпорен на оган. 1374 - Во Арква, во близината на Падова, умре Франческо Петрарка, голем лирски поет на италијанската предренесанса. Се смета за основач на модерната европска поезија и несомнено за еден од најсовршените поети во историјата на светската книжевност. Целиот негов живот и книжевно дело се обоени со неговата љубов спрема убавата Лаура. Светска слава стекна со делото „Канционер“ - зборник од 366 сонети, канцони и мадригали. Роден е во Арецо, на 20.07.1304 година. 1846 - Во Бостон д-р В. Мортон првпат во својата забна ординација го употреби етерот како средство за наркоза. Тој датум се смета за предпочеток на модерната анестезиологија. 1898 - Во Париз француските научници, сопружниците Марија и Пјер Кири го открија полониумот, прв познат радиоактивен елемент. 1967 - Во Охрид на третиот црковно-народен собор, Архиепископот синод на Македонската православна црква, донесе одлука за прогласување автокефалност на Македонската православна црква како наследничка на обновената Охридска архиепископија. Одлуката ја соопшти новиот архиепископ Охридски и Македонски г. Доситеј (Димитрија Стојковски). По него за архиепископи на МПЦ се избрани г. Ангелариј (Цветко Крстевски), г. Гаврил (Ѓорѓи Милошевски) и г. Михаил (Методи Гогов).
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |