17-ти Септември 1685 - Лондон го зафати голема епидемија на чума од која умреа околу 70.000 луѓе. 1939 - Советските единици врз основа на договорот Рибентроп-Молотов ја нападнаа Полска и ги зазедоа источните делови. Во нападот се заробени 180.000 војници и околу 9.000 офицери, а потоа почна ликвидирањето на заробените Полјаци. 1943 - Во селото Подвис, кичевско почна да работи првото училиште на македонски јазик. 1961 - Со основано сомнение дека е жртва на атентат, во авионска несреќа во близина на Ндола во северниот дел на Родезија загина Даг Хамаршелд, генерален секретар на ООН. 1978 - Во вилата Кемп Дејвид завршија разговорите меѓу египетскиот претседател Садат, израелскиот премиер Бегин и американскиот претседател Картер. Притоа, беа потпишани два документа: рамки за мир на Блискиот Исток и рамки за мировен договор меѓу Египет и Израел. 1985 - Во Њујорк умре Џулијан Бек, американски режисер кој заедно со својата сопруга Џудит Мамара во 50-те години го формираа авангардниот „Ливинг театар“. Роден е во Њујорк во 1925 година. 1996 - Во Пекинг, на Конференцијата на Интерпарламентарната унија, Република Македонија е примена во Групацијата медитерански земји.
__________________ "Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing." |