Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Секојдневие > Општо > Значајни настани

Важни забелешки

Значајни настани Државни и верски празници, родендени, свечености...

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 17-10-2008, 00:40   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
#macedonia @ & Moderator
 
Аватарот на Davor_B
 
Регистриран: Apr 2006
Локација: Кичево,Македонија
Мислења: 1.854
Популарност: Davor_B ја има оневозможено популарноста
Испратете порака преку ICQ до Davor_B Испратете порака преку AIM до Davor_B Испратете порака преку MSN до Davor_B Испратете порака преку Yahoo до Davor_B Испратете порака преку Skype™ до Davor_B
Lightbulb 17-ти Октомври

1760.- Роден е Клод Анри Сен Симон, француски социјалист, утопист и филозоф. Без оглед на идеалистичкото сваќање на силите на општествениот развиток, тој се доближи до материјалистичкото сваќање на историјата. Умре на 19 мај 1825 година.
1797.- Во италијанското село Кампоформио Австрија и Франција склучија мир со кој е укината Млетачка република. Франција ги зеде млетачките имоти во Албанија и островите во Јонското Море, а Австрија - Венеција, Истра, Кварнер, Далмација и Бока Которска.
1803.- Роден е унгарскиот политичар Ференц Дак, главен архитект на Двојната монархија во 1867 година, односно на договорот меѓу Виена и Будимпешта со кој е создадена Австроунгарија.
1849.- Во Париз умре Фредерик Франсоа Шопен, полски композитор и пијанист, наречен поет на клавирот. Компонираше исклучиво клавирска музика, збогатена со нови изразни средства, особено во поглед на хармонијата, формата и на пијанистичката техника. Роден е во Железна Вола, кај Варшава, на 1 март 1810 година.
1855.- Англискиот инженер Хенри Бесемер го патентира својот голем пронајдок - добивање на челик од сурово железо - „Бесемеров челик“.
1878.- Избувна Кресненското востание на македонскиот народ против османлиската власт, а за ослободување на Македонија и за создавање на независна држава. Околу 400 востаници, предводени од Димитар Поп Георгиев - Геровски и војводата Стојан Карастоилов, го нападнаа селото Кресна, каде што се наоѓаше османлиската касарна. Притоа ја зазедоа касарната и ослободија неколку места каде што беше создадена народна власт. Востанието беше задушено дури во јуни идната година.
1895.- Македонскиот револуционер Гоце Делчев испрати писмо до Македонското друштво во Ќустендил, а во врска со навлегувањето во Виничко на врховистичка чета на Александар Чакаров (бивш учител во Виница), кој имал „намера да прогласи внатрешно востание“.
1907.- Воспоставена е првата радиотелеграфска врска меѓу Европа и Северна Америка. Радиоврската меѓу двата континента се покажа многу попрактична од телефонската врска, за која беа потребни скапи подводни кабли.
1912.- Роден е италијанскиот свештеник Албино Лучиани, кој беше поглавар на Римокатоличката црква само 33 дена, под името Јован Павле I. Умре под неразјаснети околности, но официјално од срцев удар. Остана сомнежот дека е отровен заради реформските идеи спротивни на интересите на врвот на ватиканската курија.
1915.- Роден е американскиот писател Артур Милер, еден од најдобрите драмски писатели во 20. век. Дела: “Сите мои синови“, „Смртта на трвоскиот патник“, „Вештерките од Салем“, „Поглед од мостот“, „По падот“ и други.
1918.- Родена е американската филмска глумица Маргарита Кармен Кансино, позната како Рита Хејворт, холивудски секс-симбол на четериесеттите години од 20. век. Филмови: „Само ангелите имаат крила“, „Никогаш нема да се збогатиш“, Дамата од Шангај“.
1919.- Роден е кинескиот политичар Џао Цијанг, кој како премиер беше архитект на економските реформи во осумдесеттите години на 20. век.
1920.- Умре американскиот новинар и револуционер Џон Рид. Неговите дела „Десетте дена кои го потресоа светот“ и „Црвена Русија“ претставуваат најдобра хроника за Октомвриската револуција. По смртта од тифус, погребен е под ѕидините на Кремљ во Москва.
1935.- Д-р Алберт Ајнштајн познат светски научник, автор на теоријата на релативитетот допатува во САД како бегалец од нацистичка Германија.
1938.- Умре Карл Науцки, германски социјалдемократ, по потекло Чех, истакнат теоретичар и водач на Втората интернационала. Роден е на 16 октомври 1854 година.
1945.- По бранот масовни протести на обесправените „безкошуљаши“, во Аргентина на власт дојде полковникот Хуан Перон кој на митинг во Буенос Ариес триумфално се обрати пред 300.000 луѓе.
1961.- Во Париз во судирите меѓу француската полиција и алжирските демонстранти кои протестираа против колонијалното владеење на Франција во нивната земја, според официјалната верзија загинаа тројца, но според групата за човекови права бројот на жртвите е поголем од 240.
1982.- Во Венеција умре Марио Дел Монако, еден од најпрочуените еветски тенори. Роден е во Фиренца, на 27 јули 1915 година.
1983.- Во Париз умре Рејмон Арон, француски филозоф. Негови најпознати дела се „Социологија на современа Германија“, „Човекот против тираните“, „Војни во синџири“, „Мирот и војната меѓу нациите“, „Мемоари“ и други дела. Роден е во 1905 година.
1989.- Во земјотресот јужно од американскиот град Сан Франциско загинаа 67, а повредени беа повеќе од 600 лица.
1991.- По седумгодишна пауза на електропечката, што беше вклучена на 3 септември 1991 година, топилничарите на ФЕНИМАК ги произведоа првите тони никел.
1994.- На конференцијата на Меѓународната финансиска организaција на комисиите за хартии од вредност (ИОСКО), што се одржа во Токио од 16 до 22 октомври, Република Македонија е примена за полноправна членка.
1994.- Јордан и Израел постигнаа историски мировен договор со кој по 46 години заврши меѓусебната воена состојба.
1994.- Мировните посредници на ОН соопштија дека заврши граѓанската војна, која траеше близу 20 години, помеѓу Ангола и бунтовниците на движењето УНИТА.
1997.- Во Куба е погребен Ернесто „Че“ Гевара (беше убиен во Боливија). Посмртните останки од легендарниот герилски водач се положени во мовзалеј во градот Санта Клара.
1998.- По барање на Шпанија заради судење за убиство на стотина шпански државјани во текот на диктаторското владеење во Чиле, поранешниот чилеански диктатор Аугусто Пиноче е упасен во Лондон, каде се опоравуваше од операција.
2000.- Во Скопје, во издание на „Круг“ ДОО, излезе првиот број на неделникот „Дневник 7“.
2003.- Во главниот град на Тајван, облакодерот наречен „Тајпеј 101“ ја достигна висината од 508 метри, надминувајќи ја дотогаш најголемата кула „Петронас“ во Куала Лумпур, главниот град на Малезија.
2004.- Во Градската куќа на градот Ажен, во Франција, на македонскиот писател Јордан Плевнеш му е доделена франкофонската книжевна награда „Сребрен јасмин“ за неговото севкупно книжевно дело. Оваа награда се доделува на истакнати француски и франкофонски писатели.
2006.- Најмалку 60 лица беа повредени, од кои 15 во критична состојба кога се судрија два воза во метро на централната станица во Рим.



Денеска е Св. свештеномаченик Еротеј.
Зборот маченик доаѓа од грчкиот мартис, што во превод значи сведок. Значи, македонскиот јазик става акцент на страдањето за Христа, кое е симбол за влезот во новиот живот. Во својата суштина исто значење има и грчкиот мартис, само што се става акцент на проповедта, т.е. сведочењето за Христа со личниот пример на мачениците. Таков сведок беше и светиот Еротеј, инаку другар на Дионисиј Ареопагит, кој исто како и Дионисиј ја прими верата во Христа од апостол Павле и, исто како и Дионисиј, стана атински епископ. После Дионисиј и Еротеј, Христовата вера фати длабоки корени во Атина. Овој маж го заврши плодниот живот со маченичка смрт.
__________________
The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell !
Davor_B моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
17ти, октомври

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
HTML кодот е исклучен
Trackbacks се исклучени
Pingbacks се вклучени
Refbacks се вклучени

Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
29-ти Октомври Davor_B Значајни настани 0 29-10-2008 01:14
28-ми Октомври Davor_B Значајни настани 0 28-10-2008 01:38
27-ми Октомври Davor_B Значајни настани 0 27-10-2008 01:23
23-ти Октомври Davor_B Значајни настани 0 23-10-2008 01:10
22-ри Октомври Davor_B Значајни настани 0 22-10-2008 01:29


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 08:24.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53