16-ти Јуни во Историјата 1671 - Под водство на легендарниот јунак Стенка Разин, во Русија избувна востание против спахиите и царските чиновници кои слободните козаци ги претвораа во кметови, а на селаните им наметнуваа уште поголеми давачки. 1779 - Шпанија и објави војна на Велика Британија и ја започна опсадата на полуостровот Гибралтар. 1960 - Претседателот на САД, Двајт Ајзенхауер ја одложи посетата на Јапонија поради антиамериканските немири во таа држава. 1963 - Првата жена космонаут Валентина Терешкова се вивна во орбитата околу Земјата со вселенскиот брод „Васток - 6“. Таа беше шести советски, а десетти светски космонаут. 1993 - Во Скопје, умре Борко Лазески, македонски академски сликар, еден од првите апстрактни автори во Македонија. Најпознат е по своите фрески изведени во Скопје, Кичево, Велес, Сиудат Мексико. Автор е на повеќе мозаици. Роден е во Прилеп, на 22.10.1917 година. 1997 - Република Македонија и Кувајт воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво. 1999 - Рабо Мбеки од Нелсон Мендела ја презеде должноста претседател на Јужна Африка.
__________________ "Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing." |