16-ети Јули 1723 - Роден е сер Џошуа Рејнолдс, англиски сликар, еден од најпознатите светски портретисти. Изврши големо влијание на англиското сликарство и како уметник и како основач на Уметничката академија во Лондон, чиј претседател беше се до својата смрт. Изработи околу 2.000 портрети. Умре во 1792 година. 1872 - Роден е Раул Амундсен, норвешки поларен истражувач. На 14.12.1911 година го откри Јужниот пол на Антарктикот. Умре во 1928 година. 1885 - Воспоставена е британска колонијална власт над Австралија, со исклучок на Западна Австралија. 1940 - Адолф Хитлер ја издаде директивата Морски лав, план за инвазија врз Велика Британија. Со директивата беше предвидено сите подготовки за мобилизацијата на околу 260.000 нацистички војници да се извршат до половината на август, а десантот да се одложува се додека германската авијација не биде надмоќна. Потоа, на 18 август е извршен најжестокиот напад на германската авијација врз цели во Англија, а на 7 септември почна битката во Лондон. 1946 - Во пустината Њу Мексико, на полигонот Аламогродо, во САД, е извршена експлозија на првата атомска бомба. Овој настан се смета за почеток на атомската ера. 1969 - Од Кејп Кенеди, во САД, е лансиран вселенскиот брод Аполо 11 на Месечината, во кој се наоѓаа Нил Амстронг, Мајкл Колинс и Едвин Олдрин. Астронаутот Нил Амстронг на 21 јули прв стапна на Месечината.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |