15-ти Септември 1786 - Италијанскиот лекар и природонаучник Луиџи Галвани откри струја, која според неговото име подоцна е наречена - галванска. 1821 - Република Костарика (шпанска колонија од 1509 година), Република Никарагва (шпанска колонија од 1522 година), Република Гватемала (шпанска колонија од 1523 година), Република Хондурас (шпанска колонија од 1524 година) и Република Ел Салвадор (шпанска колонија од 1524 година) се прогласија за независни држави. 1822 - Францускиот ориенталист Жан Франсоа Шамполин успеа прв да ги дешифрира хиероглифите на една плоча најдена во египетското место Решид, во 1799 година. Тој утврди дека хиероглифите не се симболично, туку фонетско писмо. Шамполин е основач на египтологијата. 1852 - Во Лондон умре Артур Велзли Велингтон, англиски восководец и државник. Војничка слава стекна во борбата против Наполеон Бонапарта. Тој прв и зададе пораз на Наполеоновата армија кај Ватерло, во 1815 година. По победата, заедно со прускиот фелдмаршал Блихер влезе во Париз. Роден е во 1769 година. 1894 - Во Париз е роден Жан Реноар, француски филмски режисер, великан на францускиот и светскиот филм. Ги напиша книгите „Реноар, татко ми“ и „Мојот живот и моите филмови“. Режисер е на филмовите „Нана“, „Кучка“, „Мадам Бовари“, „Голема илузија“ и „Марселеза“. Умре во Лос Анџелес, на 13.02.1979 година. 1993 - Во Скопје е регистрирана Асоцијацијата на европските студентски структури при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. 1995 - Во Скопје, пред влезот на канцеларијата за врски на САД е поставен нов амблем чиј натпис гласи „Амбасада на САД“, со што формално мисијата на САД во Македонија го означи подигањето на нивото на дипломатските односи на релацијата Вашингтон - Скопје.
__________________ "Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing." |