15-ети Јули 1834 - Во Париз е роден Едгар Дега, француски сликар, еден од најпознатите претставници на ликовната уметност во 19 век. Изработи низа бакрописи, цртежи и скулптури. Умре во Париз, на 26.07.1917 година. 1870 - Почна француско-пруската војна. Французите беа поразени за неколку месеци, а војната заврши со мировниот договор склучен во Франкфурт, во мај 1871 година. 1900 - Во Лајпциг, Аугуст Велер, професор по физиологија, во својот кабинет го прикажа епохалниот изум-кардиографот, кој денеска претставува основа за научно испитување на срцевите заболувања. 1921 - Во Прилеп е роден Борка Талески, народен херој на Македонија. Тој е непосреден организатор на востанието на 11 октомври. Загина во близина на селото Плетвар, прилепско, на 2.03.1942 година. 1943 - Во борбите во Сицилија, сојузниците со ескадрили бомбардери го нападнаа Рим. По бомбардирањето, на 24 јули Големото фашистичко собрание му ја одзеде довербата на Мусолини, а следниот ден, тој е уапсен по наредба на кралот Виторио Емануел Трети. 1993 - Република Македонија стана 175 членка на УНЕСКО.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |