15-ети Јули 1556 - Во Рим свечено е осветена грандиозната купола на црквата Свети Петар, што ја изгради прочуениот италијански архитект, вајар, сликар и поет Микеланџело Буонароти. Овој датум е земен како ден на раѓањето на барокот. 1606 - Роден е Харменсон ван Рајн Рембрант, познат холандски сликар. Умре во Амстердам, на 4.10.1669 година. 1904 - Во Бадевалер умре Антон Павлович Чехов, руски новелист, раскажувач и драмски писател. Најпознати негови дела се драмите „Галеб“, „Три сестри“, „Вујко Вања“ и „Вишновата градина“, како и збирките раскази „Човекот во футрола“, „Куќа на кат“ и „Селани“. Роден е во Таганрог, на 29.01.1860 година. 1944 - Во Штип бугарските фашисти ја убија Вера Циривири-Трена, првоборец и активен учесник во напредното работничко движење. Родена е во Прилеп во 1921 година. 1965 - Американскиот вселенски брод „Маринер 4“ го испрати првите снимки од планетата Марс. 1990 - Во Охрид е извршено осветување на новоизградената црква „Света Тројца“.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |