14-ти Септември 1847 - По низа победи во Американско-мексиканската војна, единиците на САД под команда на генерал Видфилд Скот го окупираа Сиудад Мексико. Со мировниот договор мексиканската Влада беше принудена на воено посилниот сосед да му ги отстапи Калифорнија, Јута, Аризона и Њу Орлеанс. 1924 - Во познатите септемвриски горно-џумајски колежи е убиен Арсениј Јовков, македонски револуционаер и публицист. Своите духовни сили ги посвети на повеќе области во културата, меѓу кои најмногу на журналистиката. Учествуваше во Илинденското востание. Тој е првиот македонски филмски сценарист, според чие сценарио е снимен документарниот филм „Македонија на филм“ во 1923 година. Роден е во селото Селци, струшко, на 25.03.1884 година. 1977 - Во Хемшајр, во Англија умре Леополд Стоковски, американски диригент од полско потекло, пропагатор на современата музика, еден од најпознатите диригенти во светот. Роден е во Лондон, на 18.04.1882 година. 1982 - На приодот на Монте Карло, во Франција во сообраќајна несреќа загина славната холивудска артистка, принцезата од Монако Грејс Кели. Родена е во Тексас, во 1928 година. 1996 - Во Прилеп умре Пеце Атанасоски, македонски инструменталист - гајдаџија. Роден е во селото Долнени, прилепско, во 1926 година. 1996 - Умре Благоја Николовски, македонски вокален солист - тенор. Роден е во 1935 година.
__________________ "Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing." |