Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Секојдневие > Значајни настани > На Денешен ден

Важни забелешки

На Денешен ден Денеска во историјата

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 14-10-2008, 01:07   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
IRC Operator & Moderator
 
Аватарот на Davor_B
 
Регистриран: Apr 2006
Локација: Кичево,Македонија
Мислења: 1.734
Популарност: Davor_B ја има оневозможено популарноста
Испратете порака преку ICQ до Davor_B Испратете порака преку AIM до Davor_B Испратете порака преку MSN до Davor_B Испратете порака преку Yahoo до Davor_B Испратете порака преку Skype™ до Davor_B
Lightbulb 14-ти Октомври

322 п.н.е.- Во храмот на боговите Посејдон, на грчкиот остров Калаури, се самоуби, испивајќи отров, најголемиот оратор на стариот век Демостен. Неговите беседи (наречени „филипики“) и судските говори, според оценката на Циверон, претставуваат формула за говорничката вештина. Роден е околу 380 година пред н.е.
1066.- Норманската инвазиска армија на војводата Вилијам од Нормандија, идниот англиски крал Вилијам I Освојувач, ги победи саксонските трупи на англискиот крал Харолд, кој загина. Инвазијата беше изведена со благослов од папата, бидејки Саксонците останаа православни по формалниот расцеп на христијанската црква во 1054 година на римокатоличка и православна.
1322.- Војската на шкотскиот крал Роберт I силно ги порази англиските трупи под команда на кралот Едвард II во битката кај Биланд. Ова придонесе англискиот монарх во 1328 година безволно да ја признае независноста на Шкотска.
1806.- Под команда на Наполеон I, француските трупи ја победија пруската армија и во битката кај Јене ја покорија Прусија.
1808.- Французите ја укинаа Дубровничката Република, која беше создадена во 15 век. Во 1806 година Дубровник беше окупиран од Франција. Врз основа на одлука на Виенскиот конгрес Дубровник во 1815 година влезе во состав на Австрија. На Кралството на СХС Дубровник му припадна во 1918 година, а од 1991 година по распаѓањето на СФРЈ Дубровник и припаѓа на Република Хрватска.
1809.- Со Виенскиот мир Австрија беше принудена Трст и Илирска провинција (Далмација) да и ги предаде на Франција, Галиција на Полска и на Русија, а областа Ин на Баварија.
1824.- Роден е Адолф - Јосеф - Тамас Монтичели, француски сликар. Умре на 29 јуни 1886 година.
1882.- Роден е ирскиот државник Емон де Валера, водач на партијата „Шин фејн“ од 1917 до 1926 година, со два кратки прекина како премиер од 1937 до 1959 година, а потоа во 1973 година беше претседател на Ирска. Во 1923 година беше претседател на Друштвото на народите.
1890.- Роден е Двајт Ајзенхауер, американски генерал и политичар. Во Втората светска војна беше командант на американските воени сили во Европа, потоа командант на сојузничките сили во Средоземјето, раководеше со операциите на Сицилија, во јужна Италија и со десантот на Нормандија. По војната беше командант на Северноатлантскиот пакт. Во 1952 и во 1956 година беше избран за претседател на САД. Умре на 28 март 1969 година.
1894.- Роден е американскиот писател Едвард Естлин Камингс, писател со силна лирска дарба во чии песни доминираат теми за љубовта и смртта.
1912.- Претседателот на САД Теодор Рузвелт во Милвоки го преживеа атентатот. Куршумот го запре дебелиот капут и неколку парчиња хартија што ги имал во внатрешниот џеб.
1913.- Во најголемата рударска несреќа во Велика Британија, во рудникот за јаглен во Гламорген во Велс загинаа 439 рудари.
1919.- Во Деде Агач, е роден Димитар Митрев, македонски литературен критичар и есеист, академик, професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Уште во 1938 година, кога е формиран Македонскиот литературен кружок во Софија, тој членуваше во него заедно со Никола Вапцаров, Коле Неделковски, Ѓорги Абаџиев, Антон Попов и со други прогресивни македонски писатели кои работеа за афирмирањето на македонската национална култура. Умре во Охрид, на 24 февруари 1976 година.
1927.- Роден е англискиот глумец Роџер Мур, кој главно играше во акциони филмови и ТВ серии. Го замени Шон Конери во серијата филмови за тајниот агент 007. Филмови: „Ајванхо“, „Живеј и пушти ги другите да умрат“, „Човекот со златен пиштол“, “Шпионот кој ме сакаше“, „Само за твоите очи“.
1930.- Роден е конгоанскиот (заирски) диктатор Жосеф Дезире Мобуту, познат како Мобуту Сесе Секо, претседател на Заир од 1965 до 1997 година.
1933.- Германија ги напушти Друштвото на народи и конференцијата за разоружување во Женева.
1939.- Повеќе од 800 морнари загинаа на британскиот воен број „Ројал оук“ покрај Северна Шкотска, кој го потопи германска подморница.
1941.- Германските војници во Србија во Втората светска војна направија еден од најголемите воени злосторства стрелајќи во Краљево повеќе од 6.000 српски цивили, вклучувајќи жени и деца.
1941.- Во селото Крупиште, Штипско, како одмазда за загубената борба, германските фашисти со вперени пушки влегуваа во куќите и ги собираа мажите од 15 до 60-годишна возраст, а притоа пукаа во секој што ќе почнеше да бега. Злосторниците влегуваа во куќите и ги гореа заедно со добитокот. Притоа стрелаа 49 луѓе. Истиот ден германските фашисти извршија масакр над населението во кочанското село Уларци. Селото беше опожарено и беа стрелани 40 луѓе.
1941.- Кај селото Бељановце, Кумановско, бугарската полиција ја разби групата (четата) „Карадак“ на Кумановскиот НО партизански одред. Притоа, покрај другите, загинаа Боро Менков, командант, Перо Георгиев - Чичко, политички комесар и Бајрам Шабани, борец на таа група - тројцата народни херои на Југославија, од Македонија. Менков е роден во Куманово, во 1919 година. Георгиев исто така во Куманово, во 1918 година, а Шабани во селото Липково, Кумановско, во 1920 година.
1944.- Германскиот фелдмаршал Ервин Ромел, наречен „пустинска лисица“ изврши самоубиство.
1944.- Британските и грчките сили во Втората светска војна ја ослободија Атина од Германија.
1947.- Летајќи со воен авион на млазен погон во фаза на испитување, американскиот воздухопловен капетан Чарлс Јергер стана првиот човек кој го проби звучниот ѕид.
1959.- Умре американскиот филмски глумец од австралиско потекло Ерол Флин, кој најчесто играше правдољубиви јунаци во авантуристички филмови. Филмови: „Капетан Блад“, „Авантурите на Робин Худ“, „Гусар“, „Џентрлменто Дим“, „Вирџинија сити“, „Корените на пеколот“.
1963.- Генералното собрание на ООН едногласно усвои резолуција за давање помош за обнова и изградба на Скопје, поради земјотресот што го зафати на 26 јули 1963 година.
1964.- Американецот од африканско потекло Мартин Лутер Кинг, борец за човекови права, инаку црнец, ја доби Нобеловата награда за мир.
1970.- Во тајфунот што ги зафати Филипини загинаа повеќе од 780 луѓе.
1973.- Во Тајланд владата на Таноми Китикачорн беше принудена да поднесе оставка бидејќи армијата го одби неговото барање со сила да ги прекине студентските демонстрации.
1997.- Умре американскиот пејач и филмски глумец Хари Лилис „Бинг“ Крозби, рекордер по бројот на снимени плочи, како и добитник на Оскар за филмот „Одејќи по својот пат“.
1998.-Египќанецот Нагиб Махфуз стана првиот арапски писател кој доби Нобелова награда за книжевност.
1990.- Во Њујорк умре Ленард Бернштајн, славен американски диригент и композитор. Со светска слава се здоби како диригент на најпознатите оркестри и како композитор на познатиот мјузикл „Приказна за западната страна“. Роден е на 25 август 1918 година.
1990.- Германија и Полска потпишаа договор за границата на реката Одри.
1991.- Водачот на бурманската опозиција Аунг Сан Су Чи, која тогаш беше скоро две години во домашен притвор под режим на воената хунта, ја доби Нобеловата награда за мир.
1993.- Во Њујорк, е потпишано заедничко соопштение за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, на ниво на амбасадори. Потпишувањето е извршено под Уставното име - Република Македонија.
1994.- По Ирската републиканска армија и лојалистичките парамилитарни единици, објавија општ прекин на воените акции, со што се создадени основните предуслови за почеток на крајот на крвавата северно-ирска драма.
1994.- Премиерот на Израел Ицак Рабин, шефот на израелската дипломатија Шимон Перес и водачот на Палестинската ослободителна организација Јасеф Арафат ја поделија Нобеловата награда за мир.
1996.- Умре приоф. д-р Изидор Папо, по потекло босански Евреин, еден од најистакнатите хирурзи на поранешна Југославија, член на САНУ. Беше долгогодишен началник на Хируршката клиника на Воено-медицинската академија во Белград и долгогодишен главен хирург на бившата ЈНА. Посебно треба да се одбележи дека од неговото одделение и лично од него се лекувани многу пациенти од Македонија и дека има големи заслуги за развојот на хирургијата во Македонија. Роден е во Љубишки, кај Мостар, во 1913 година.
1998.- Нигерискиот писател Воле Сојинк, добитник на Нобеловата награда за книжевност, се врати во земјата после безмалку четири години бегство на кое го принуди диктаторскиот режим на воената хунта на кој жестоко му се спротивставуваше.
1999.- Умре танганискиот државник Џулиус Камбараг Њерере, истакнат лидер на движењето на неврзаните, прв претседател на Танганике (денешна Танзанија) од 1962 до 1985 година, кога и поднесе оставка, а тоа е редок пример за една Африканска држава. Тој беше еден од основачите на Организацијата на африканското единство во 1963 година.
2000.- Во северниот нигерски град Кано најмалку 200 луѓе се убиени во дводневните нереди со палењето на повеќе цркви и џамии, како и продавници.



Денеска е Покров на Пресвета Богородица.
Настанот што го слави Црквата денес се случил на 1 октомври 911 година, на едно бдение во Богородичната влахернска црква во Цариград. Црквата била полна со народ. Меѓу народот бил и свети Андреј Јуродивиот со својот ученик Епифаниј. Во четири часот ноќта над народот се појавила Пресвета Богородица со распослан омофор со кој го покривала целиот народ. Била облечена во порфира и блескала со неискажлив сјај, опколена од апостолите и светителите. Гледајќи го јавувањето, свети Андреј му рекол на Епифаниј: "Ја гледаш ли, брате, царицата и господарката над се, како се моли за целиот свет?" Во чест на тоа јавување и се востанови овој празник. Но, овој празник е само потврда или симбол на славењето на Пресвета Богородица, како заштитничка на целиот православен народ, бидејќи нејзиното заштитништво се покажало многупати и пред овој настан. Тој е потврда, пред се, за нејзиното молитвено застапништво за нас луѓето пред престолот на Троичниот Бог.
__________________
"Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing."
Davor_B моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
14ти, октомври

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
18-ти Октомври Davor_B На Денешен ден 0 18-10-2008 01:30
17-ти Октомври Davor_B На Денешен ден 0 17-10-2008 00:40
10-ти Октомври Davor_B На Денешен ден 0 09-10-2008 23:56
8-ми Октомври Davor_B На Денешен ден 0 07-10-2008 23:58
7-ми Октомври Davor_B На Денешен ден 0 07-10-2008 00:36


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 05:03.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69