14-ти Август 1784 - На островот Кодијак, на Алјаска формирана е првата руска колонија. Царска Русија ја продаде Алјаска на САД во 1867 година за 7,2 милиони американски долари. Во 1963 година Алјаска стана една од сојузните држави на САД. 1867 - Роден е Џон Голсфорди, англиски писател, автор на прочуената трилогија „Сага за Форсајтите“. Во 1932 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре на 31.01.1933 година. 1909 - Во Солун е извршен втор неуспешен обид за убиство на македонскиот револуционер Јане Сандански и на неговите другари Стојко Хаџиев, Анастас Митрев и Иван Манолев. 1915 - Во селото Никифорово, гостиварско, е роден Видое Смилевски-Бато, народен херој на Македонија, истакнат револуционер и општествено-политички работник. Умре во Скопје, на 8.09.1979 година. 1919 - Во Скопје е роден Раде Јовчевски Корчагин, народен херој на Македонија. Загина во Скопје, во судирот со бугарските агенти и со полицијата, на 20.02.1943 година. 1941 - Официјално е објавен текстот на „Атланската повелба“, што на палубата на еден брод во западен Атлантик ја потпишаа британскиот премиер Винстон Черчил и претседателот на САД Франклин Рузвелт.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |