14-ети Јули 1789 - Граѓаните на Париз го освоија злогласниот затвор Бастилја и ги ослободија затворениците, со што почна Француската буржоаска револуција. Старата феудална власт е укината и пред формалната одлука. - Национален празник на Франција. 1817 - Во Париз умре Мадам де Стал, француска писателка. Во 1810 година ја напиша книгата - манифест „За Германија“, која Наполеон ја забрани, затоа што авторот се восхитува на германската филозофија и литература. Ја сметаат за основоположник на францускиот романтизам која ги постави новите основи на целата француска литература и култура. Родена е во Париз, на 22.04.1766 година. 1944 - Во Струмица, во борба против бугарската полиција, загина Благој Јанков - Мучето, народен херој на Македонија. Роден е во Струмица, во 1911 година.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |