Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Секојдневие > Значајни настани > На Денешен ден

Важни забелешки

На Денешен ден Денеска во историјата

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 13-10-2008, 00:25   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
IRC Operator & Moderator
 
Аватарот на Davor_B
 
Регистриран: Apr 2006
Локација: Кичево,Македонија
Мислења: 1.734
Популарност: Davor_B ја има оневозможено популарноста
Испратете порака преку ICQ до Davor_B Испратете порака преку AIM до Davor_B Испратете порака преку MSN до Davor_B Испратете порака преку Yahoo до Davor_B Испратете порака преку Skype™ до Davor_B
Lightbulb 13-ти Октомври

54.- Умре римскиот цар и историчар Клаудие I Тибери Друз од отровни печурки кои му ги подметна четвртата сопруга на Јулиј Агрипин со цел на престолот да го донесе синот од претходниот брак со Неро.
1474.- Роден е Мариото Арбертинели, италијански сликар, еден од претставниците на француската школа на високата ренесанса. Умре на 5 ноември 1515 година.
1792.- Претседателот на САД Џорџ Вашингтон го постави камен-темелникот за изградба на официјалната претседателска резиденција - Белата куќа во Вашингтон.
1815.- Францускиот маршал Жоаким Мир е стрелан. Тој беше најпознатиот меѓу командантите на армијата на царот Наполен I, од 1808 до 1815 година.
1815.- Британските трупи го зазедоа островот Асунсион, еден од островите на Маријанскиот Архипелаг во западниот дел на Пацификот.
1822.- Во Венеција умре Антонио Канова, италијански вајар, најголем мајстор на италијанскиот класицизам. Влијаеше врз целокупното европско вајарство. Меѓу неговите најпознати дела се вбројуваат скулптурите „Амор и психа“, „Паолина Боргаз како Венера“, „Персеј“ и Наполеоновата биста во Фонтенбло. Роден е во Венеција, на 1 ноември 1757 година.
1869.- Умре францускиот писател Шарл Огистен Сент Бев, најистакнат претставник на француската книжевна критика. Дела: „Живот“, „Книжевни портрети“, „Пор-Роајал“, „Понеделнички разговори“.
1884.- Меридијанот што поминува низ Гринич (предградие на Лондон) е усвоен како универзаллен (нулти) меридијан, од кој се сметаат географските должини на точките и времето на Земјата.
1905.- Умре англискиот глумец Хенри Ирвинг, еден од најголемите трагичари во 19. век.
1911.- Роден е Андре Навара, француски виолончелист, професор на Парискиот конзерваториум од 1949 година, уметник со интернационално реноме. Извесно време има предавано во Скопје, а беше чест и многу значаен учесник во програмата на Охридско лето. Умре во 1988 година.
1921.- Роден е францускиот глумец и пејач од италијанско потекло Иво Ливи, познат како Ив Монтан, кој светската слава ја стекна во филмот „Надница за страв“. Други филмови: „Хероите се уморени“, „Вештерките од Салем“, „Големиот син пат“, „Го сакате ли Брамс“, „Ајде да се сакаме“, „З“, „Признание“.
1923.- Турскиот парламент ја прогласи Анкара, бивша Ангора, за престолнина на Турција.
1923.- Во Битола, е родена Драга Чаловска-Секуловска, македонски новинар, учесник во НОВ од 1941 година и еден од основачите на Радио Скопје, каде што непосредно по ослободувањето, во еден период кога Радиото бележеше брз и сестран развој, ја вршеше функцијата уредник на Радио Скопје. Умре во Скопје, на 5 јули 1988 година.
1925.- Родена е биртанската државничка Маргарет Хилда Робертс, позната како Маргарет Тачер, која во 1979 година стана првата жена премиер во историјата на Велика Британија. Во 1990 година со одлука на раководството на нејзината Конзервативна партија мораше да поднесе оставка. Инаку, во Велика Британија досега била најмногу години премиер.
1943.- Под притосок на сојузничките водачи, италијанскиот крал Виторио Емануел III и неговиот премиер Бадолјо и објавија војна на Германија, па на тој начин Италија, барем оној дел кој беше под сојузничка контрола, се придружи на антихитлеровската коалиција. До објавувањето на војната дојде дури по паѓањето на фашистичката влада на Бенито Мусолини и по капитулацијата на Италија.
1952.- Во издание на Државното книгоиздателство излезе од печат "Граматика на македонскиот литературен јазик" од Блаже Конески.
1964.- По 24 часа од полетувањето на бродот „Васход 1“, безбедно се приземнија тројца советски космонаути, членови на првиот вселенски екипаж во историјата на вселенските летови.
1970.- Канада и Кина воспоставија дипломатски односи, а Тајван итно ги прекина односите со Канада.
1970.- Познатиот борец за црнечки права Анџела Дејвис е уапсена од агентите на ФИБ. Апсењето предизвика бура протести во целиот свет.
1972.- При падот на советскиот патнички авион „Иљушин 63“ близу московскиот аеродром загинаа сите 176 луѓе во авионот. Тоа беше дотогаш најголемата несреќа во историјата на патничката авијација.
1976.- Боливискиот товарен авион „Боинг 707“, на кого му откажа еден од моторите веднаш по полетувањето, падна на главната улица во Санта Круз, при што загинаа повеќе од 100 луѓе на земја и тројца членови на екипажот.
1984.- Во Скопје умре Илија Зафировски, македонски новинар. Тој спаѓа во редот на првата повоена генерација новинари. Работеше во весникот "Борба", а најголем дел од својот новинарски век го помина во весникот "Нова Македонија", во кој беше и главен и одговорен уредник. Смртта го затекна како директор и главен и одговорен урадник на весникот "Трудбеник". Роден е во Охрид, во 1927 година.
1990.- Во московската црква „Свети Василиј Блажени“ на Црвениот плоштад одржана е првата православна литургија, 73 години по Октомвриската револуција.
1990.- Водачот на христијанските сили во Либан генерал Мишел Аун, побара азил во француската амбасада во Бејрут по нападот на сиријската армија на неговото упориште.
1992.- Во Лос Анџелес умре Ентони Перкинс, познат американски филмски артист. На љубителите на филмската уметност ќе им остане во сеќавање како симбол на артист за хорор улоги. Најпозната од тој жанр е неговата улога на сопственик на мисетриозниот хотел во филмот на Хичкок „Психо“. Роден е во Њујорк, на 4 април 1932 година.
1993.- Судот во Хамбург го прогласи Германецот Гинтер Пархе за виновен поради ранувањето со нож на југословенската тенисерка Моника Селеш и донесе пресуда која ширум светот беше оценета како скандалозна. Пархе беше казнет условно на две години затвор.
1993.- Република Македонија е примена за полноправен член на Меѓународната организација за поморство, со седиште во Лондон.
1993.- Во Крањ, Република Словенија, фудбалската репрезентација на Македонија го одигра првиот официјален пријателски натпревар, откако нашата држава стана самостојна, суверена и независна. Домаќин беше фудбалската репрезентација на Република Словенија. Репрезентацијата на Република Македонија победи со 4:1.
1995.- Во Скопје, делегациите на Република Македонија и Република Грција потпишаа Меморандум за практична примена на Привремената спогодба потпишана во Њујорк на 13 септември 1995 година.
1997.- Британскиот суперсоничен автомобил прв на земја успеа да го пробие звучниот ѕид, развивајќи брзина од 1.222,7 километри на час.
2003.- Филипинските безбедностни сили го убија Фатур Рахман ел Гози, наводно клучна фигура на исламистичка терористичка организација.
2005.- Во напад на 300 исламски екстремисти на Најчик, главниот грд на севернокавкаската руска Република Кабардино-Балкарија, загинаа 92 терористи, 33 припадници на органите на редот и 12 цивили, а ранети беа преку стотина лица.
2006.- Бангладешкиот економист Мухамад Јунус и банката Грамин, која тој ја основа, ја добија Нобелова награда за мир за помагање на милиони луѓе ширум светот. Добитниците од Бангладеш ја добија наградата во конкуренција на 1.901 кандидат. Јунус е познат по прекарот Банкар на сиромашните, кој во 1976 година ја основа банката Грамин која на најсиромашните во Бангладеш им доделува микро кредити, посебно на жените, помагајќи им да зпочнат бизнис а притоа не земајќи им за возврат никаква хипотека. Ваквиот систем на давање микро кредити подоцна е копиран и ширум светот. Јунус во 1997 година ја основа и Граман фондацијата, која сега има 52 партнерски организации во 22 земји, а нејзините кредити ги користеа околу 11 милиони луѓе од Азија и Латинска Америка.
2006.- Бан Ки-Мун, поранешниот шеф на јужнокорејската дипломатија, е избран на местото генерален секретар на ОН, осми по ред од основањето на ООН. Изборот на Ки-Мун е производ на се поизразеното влијание на големите азиски држави на светската политика.
2007.- Најмалку 21 лице го загубија животот, а 26 се повредени, во одрон на земја, во рудникот за злато во југозападна Колумбија, во близина на градот Суарес, во провинцијата Каука.


Денеска е Св. Григориј Просветител на Ерменија.
Роден е во видна фамилија, по род блиска до персискиот и ерменскиот царски дом. Кога овие два дома завојуваа, свети Григориј се повлече во Кападокија. Таму ја позна Христовата вера, се крсти и ожени. Во бракот му се родија два сина, Ортан и Аростан. По смртта на својата жена, свети Григориј се врати во Ерменија и му се стави на служба на цар Тиридат. Но, кога овој дозна дека Григориј е христијанин, го стави на тешки маки, а потоа го фрли во длабока јама, сакајќи да го умртви. А Бог не заборави на својот љубен и го одржуваше во јамата цели 14 години. Во меѓувреме, откако ги погуби сестрите од еден женски манастир, Тиридат полуде. На неговата сестра и се јави во сон некој светол маж и и кажа дека брат и нема да оздрави дури не го извадат Григориј од јамата. Кога излезе од јамата, свети Григориј го исцели и крсти Тиридат. По желба на Тиридат, Григориј потоа беше поставен за епископ на Ерменија и со помош на царот ја просвети Ерменија и околните земји со Христовата вера. Овој доброчесен маж се успокои околу 335 година.
__________________
"Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing."
Davor_B моментално е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
13ти, октомври

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
18-ти Октомври Davor_B На Денешен ден 0 18-10-2008 01:30
17-ти Октомври Davor_B На Денешен ден 0 17-10-2008 00:40
10-ти Октомври Davor_B На Денешен ден 0 09-10-2008 23:56
8-ми Октомври Davor_B На Денешен ден 0 07-10-2008 23:58
7-ми Октомври Davor_B На Денешен ден 0 07-10-2008 00:36


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 02:30.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 71 72 73 74 75