13-ти Август 1863 - Во Париз умре Ежен Делакроа, француски сликар, главен претставник на романтиамот, продолжувач на традицијата Рубенс. Остави дела кои се одликуваат со темперамент и со драматичност. Роден е во Шарентон Сен Морис, на 26.04.1798 година. 1899 - Во Лентостаун, во близина на Лондон, е роден Алфред Џозеф Хичкок, британски филмски режисер. Светска слава доби со филмовите од криминалистички жанр, страв и ужас. Негови најпознати филмови се „Триесет и девет скали“, „Тајниот агент“, „Човекот кој многу знаеше“, „Ребека“, „Аферата Парадин“, „Птици“ и „Психо“. Умре во Лос Анџелес, на 29.04.1980 година. 1912 - Умре Жил Масне, француски композитор. Компонирал 20 опери, главно со лирска тематика, од кои најпознати се „Мантон“, „Вертер“ и „Дон Кихот“. Роден е на 12.05.1842 година. 1932 - Мустафа Кемал Паша, наречен Ататурк („татко на Турција“) стана прв претседател на Турската Република. Учествуваше во движењето на младотурците. Во Битола заврши виша воена школа, а во Цариград-Генералштабна академија и беше еден од активните борци против султанската автократија. Како претседател на Турската Република спроведе прогресивни реформи Роден е во Солун, во 1881 година, а умре во 1938 година. 1995 - Умре д-р Душан Манаковиќ, еден од најпознатите македонски географи и основоположник на современата геоморфологија и спелеологија. 2001 - Во Скопје е потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во Република Македонија. Потписници на Договорот беа македонскиот претседател Борис Трајковски, претседателот на Владата Љубчо Георгиевски и лидерите на СДСМ Бранко Црвенковски, на ДПА Арбен Џафери и на ПДП Имер Имери.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |