13-ети Јули 1762 - Умре Џемс Бредли, англиски астроном. По Халеевата смрт беше директор на Гриничката опсерваторија.Во 1728 година ја објасни појавата на аберацијата на светлоста и ја откри појавата на нутацијата. Роден е во 1693 година. 1793 - Во Париз е убиен Жан Пол Мара, познат француски револуционер, еден од водачите на француската буржоаска револуција. Убиството го изврши Шарлота Кордеј, приврзаничка на жирондистите и на монархистите. Роден е на 24. 05. 1734 година. 1946 - При Земската болница во Скопје е формирана првата Станица за трансфузија на крв. Од мала станица со еден лекар и три медицински сестри прерасна во Републички завод за трансфузиологија.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |