12-ти Септември 1942 - Во месноста Долец, во Болнската Планина во нерамномерна борба против бугарската војска и полиција не сакајќи живи да паднат во рацете на окупаторот, сами си го одзедоа животот Стефан Наумов-Стив и Димитар Богоевски-Мите, народни херои на Македонија. Стефан Наумов е роден во Битола на 27.10.1920 година. Димитар Богоевски-Мите е роден во селото Болно, ресенско, на 31.10.1919 година. 1981 - Во Милано умре Еуџенио Монтале, италијански поет, најпознат претставник на италијанскиот херметизам. Негови познати дела се „Аутодафе“, „Бура и друго“ и „Сатура“. Добитник е на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1973 година и на Нобеловата награда за литература во 1975 година. Роден е во Џенова, на 12.10.1896 година. 1986 - Во Скопје умре Драгутин Аврамовски-Гуте, истакнат македонски академски сликар и графичар. Тој е еден од првите македонски апстрактни сликари и има посебен придонес за развитокот на современиот графички израз во Македонија. Се занимаваше и со сценографија и со илустрација. Роден е во Куманово, на 11.03.1931 година. 1996 - Умре Тома Прошев, македонски композитор. Роден е во Скопје, на 10.11.1931 година.
__________________ "Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing." |