Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Секојдневие > Значајни настани > На Денешен ден

Важни забелешки

На Денешен ден Денеска во историјата

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 12-10-2008, 00:03   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
IRC Operator & Moderator
 
Аватарот на Davor_B
 
Регистриран: Apr 2006
Локација: Кичево,Македонија
Мислења: 1.734
Популарност: Davor_B ја има оневозможено популарноста
Испратете порака преку ICQ до Davor_B Испратете порака преку AIM до Davor_B Испратете порака преку MSN до Davor_B Испратете порака преку Yahoo до Davor_B Испратете порака преку Skype™ до Davor_B
Lightbulb 12-ти Октомври

1492.- Прочуениот италијански морепловец Кристофер Колумбо (1451-1506 г.), во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигна на бахамскиот остров Гуанахани, откривајќи ја на тој начин Америка. Колумбо на овој пат тргна со три бродови: "Санта Марија", "Ниња" и "Пинта". Во текот на патувањето ги откри Куба и Хаити, каде што остави дел од своите луѓе и се врати во Шпанија. Подоцна, уште неколкупати одеше на слични патувања.



1518.- Германскиот верски реформатор Мартин Лутер го одби барањето од римската курија да се покае и одрече од своите уверувања.


1811.- Парагвај прогласи независност од Шпанија и Аргентина.


1822.- Бразил доби независност. Дотогаш оваа земја беше португалска колонија.


1870.- Умре американскиот најпознат војсководец генралот Роберт Едвард Ли, командант на армијата на Северна Вирџинија во Граѓанската војна во САД од 1861 до 1865 година. Соочен со неспоредливо надмоќната армија на Северот, на 9 април 1865 година капитулира.



1896.- Во Џенова е роден Еуџенио Монтале, италијански поет, најголем претставник на италијанскиот херметизам. Негови познати дела се "Аутодафе", "Бура и друго", "Дневник на 71 и 72 години" и други. Добитник е на "Златниот венец" на Струшките вечери на поезијата во 1973 година и на Нобеловата награда за литература во 1975 година. Умре во Милано, на 12 септември 1981 година.



1924.- Умре францускиот писател Анатол Франс, член на Француската академија и добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1921 година. Дела: „Златни песни“, романи „Современа историја“, „Црвениот крин“, „Боговите се жедни“, „Таида“, „Островот на пингвините“ и други. Роден е во Париз, на 16 април 1844 година.


1924.- Во својот имот Ла Бешлери, кај Тур, умре Анатол Франс (вистинското име му е Франсоа Анатол Тибо), француски романсиер, сатиричар и критичар. Како извонреден стилист во своите дела отворено го изразува незадоволството од тогашната општествена состојба, а по Октомвриската социјалистичка револуција во Русија застана на страната на советскиот пролетаријат. Негови главни дела се „Бунтот на ангелот“, „Боговите се жедни“ и други дела. Во 1921 годија ја доби Новеловата награда за литература. Роден е во Париз, на 16 април 1844 година.



1934.- Малолетниот Петар II Караѓорѓевиќ е прогласен за крал на Југославија, три дена откако неговиот татко Александар I беше убиен во Марсеј, во атентат кој со помош на италијански фашисти беше извршен од хрватски усташи.


1935.- Во Модена е роден италијанскиот оперски пејач Лучано Павароти чиј обоен глас со големи дијапазони карактеризираат силни тонови во високиот регистар. Кариерата на светска оперска ѕвезда ја почна во 1961 гдоина со улогата Роберт во операта „Боеми“ на Ѓакомо Пучини. Умре во Модена, на 6 септември 2007 година.



1941.- Во Прилеп, бугарската полиција уапси 900 граѓани како репресија поради нападот на Прилепскиот партизански одред на бугарската полициска станица, на затворот и на телеграфско-телефонската мрежа, претходниот ден. По малтретирањето беа издвоени членовите на КПЈ и на СКОЈ и беа префрлени во Битола, а потоа беа изведени пред суд.


1942.- Во битката на пацифичкиот остров Гвадалканал во Втората светска војна Американците ги поразија Јапонците и го спречија нивното навлегување во Австралија.


1960.- Во Генералното собрание на Обединетите нации, во текот на дебатата за колонијализмот, советскиот лидер Никита Сергеевич Хрушчов го соблече чевелот и со него тресна неколку пати на масата.


1964.- Советскиот Сојуз го лансира вселенскиот брод "Восток-1" со пилотот Владимир Комаров, со научникот Константин Феоктисов и со лекарот Борис Јегоров.


1968.- По 190 години шпанска колонијална управа, африканската држава Екваторијална Гвинеја се здоби со независност.


1968.- Националната гарда на Панама предводена од полковникот Омар Ториос Херер го собири претседателот Арнулф Аријас Мадрид.


1969.- Советскиот Сојуз го лансира вселенскиот брод "Сојуз-7" со екипаж од три члена, кои се сретнаа со двајцата членови на екипажот на претходно лансираниот брод "Сојуз-6".



1969.- Умре Соња Хени, норвешка лизгачка и филмска актерка, светска првенка во уметничко лизгање од 1927 до 1936 година и трикратна олимписка победничка (1928, 1932 и 1936 година). Родена е во 1912 година.


1976.- Кинескиот премиер Хуа Гуофенг стана шеф на владејачката Комунистичка партија.


1978.- Во Вашингтон со учество на претседателот на САД Џими Картер започнаа мировните преговори помеѓу Израел и Египет.


1984.- Во експлозија на бомба подметната од терористи на Ирската републиканска армија во „Гранд хотел“ во англискиот град Брајтон, каде се одржуваше годишната конференција на британските конзервативци, загинаа пет луѓе.


1990.- Исламски терористи на мотоцикли во Каиро од заседа ги убија претседателот на египетскиот парламент Рифат Махџуба и тројца негови телохранители.


1992.- Во земјотрес во Каиро загинаа повеќе од 550 луѓе. Епицентарот на земјотресот беше во близина на пирамидите во Гиза.



1993.- Кралството Белгија ја призна Република Македонија.


1993.- Народна Република Кина ја призна Република Македонија.


1994.- Во селото Гиновци, во близина на Крива Паланка започна изградбата на пругата кон Бугарија. Изградбата на железничката пруга Куманово-Бељаковци-Деве Баир чини околу 120 милиони долари.



1995.- На состанокот на Постојаниот комитет на ОБСЕ во Виена, Република Македонија премина во редовно членство во Организацијата за безбедност и соработка во Европа.



1996.- Умре францускиот тенисер Рене Лакост, основач на компанијата за производство на спортска опрема препознатлива по заштитниот знак „крокодилче“.


1997.- Во Монтереј Баи во близина на крајбрежниот пацифички град Гров, јужно од Сан Франциско, во авионска несреќа загина Џон Денвер, американски фолк пејач. Познат е по своите хитови „Одведи ме дома“ и „Сонцето на моите рамења“. Во 1975 година беше прогласен за најдобар пејач на кантри музиката. Роден е во 1944 година.



1997.- Во Скопје умре д-р Нијази Лимановски, доцент на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, основоположник на Културно-научните манифестации на Македонците муслимани и претседател на Здружението на етнолозите на Македонија. Роден е во селото Ростуше, на 27 јуни 1941 година.


1999.- Генералот Первез Мушараф со воен удар ја собори владата на премиерот Наваз Шариф, го распушти Парламентот и воведе вонредна состојба.



2000.- Исламски терористи во јеменското пристаниште Аден со мал брод наполнет со експлозiв удрија во американскиот разорувач „Кол“ усмртувајќи 17 и ранувајќи повеќе од 10 американски морнари.



2002.- Во експлозија на две подметнати бомби во летовалиштето „Кута бич“ на индонезискиот остров Бали загинаа 202 лица од 21 земја, а повредени беа повеќе од 300. Повеќето од жртвите на терористичкиот напад беа туристи воглавно од Австралија, Велика Британија, САД, Франција, Германија и од Шведска.


Денеска е Преподобен Киријак Отшелник.
Свети Киријак беше родум од Коринт. Татко му Јован таму беше свештеник, а и месниот епископ Петар му беше роднина. Уште во раната младост епископот го постави за отец во соборната црква, па тој секојдневно во својата уста ја чувствуваше сладоста на божествените зборови. Кога наполни 18 години отиде во Ерусалим и стапи во манастирот на некој Евсторгиј. Потоа отиде кај свети Евтимиј, кој го облече во схима и го прати на Јордан, кај свети Герасим. Таму остана девет години, а по смртта на свети Герасим, се врати во манастирот на свети Евтимиј. Потоа одеше од место на место, бегајќи од човечката слава. Се претстави пред Бога во длабока старост, кога имаше 109 години, во 557 година по Христа.
__________________
"Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing."
Davor_B моментално е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
12ти, октомври

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
18-ти Октомври Davor_B На Денешен ден 0 18-10-2008 01:30
17-ти Октомври Davor_B На Денешен ден 0 17-10-2008 00:40
10-ти Октомври Davor_B На Денешен ден 0 09-10-2008 23:56
8-ми Октомври Davor_B На Денешен ден 0 07-10-2008 23:58
7-ми Октомври Davor_B На Денешен ден 0 07-10-2008 00:36


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 03:45.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 71 72 73 74 75