11-ти Јуни 1864 - Роден е Рихард Штраус, германски композитор и диригент. Компонираше опери, оперети, балети, соло - песни, камерна музика и друго. Автор е на оперетите „Салома“, „Електра“, „Кавалер со ружа“, на поемите „Тил Ојленшпигел“ и „Дон Жуан“. Умре на 8.09.1949 година. 1949 - Во Љубљана умре Отон Жупанчич, еден од најголемите современи словенечки поети. Во своето творештво, уметнички ги одрази националните и социјалните проблеми на својот народ. Словенечката поезија ја збогати со слободен ритам и со динамичен стил. Познати негови збирки се „Чаша на опојноста“, „Цицибан“ и „Преку полињата“. Роден е во Виница, во Словенија, на 23.01.1878 година. 1994 - Виетнам воспостави дипломатски односи со Република Македонија.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |