Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Секојдневие > Значајни настани > На Денешен ден

Важни забелешки

На Денешен ден Денеска во историјата

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 11-10-2008, 00:57   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
IRC Operator & Moderator
 
Аватарот на Davor_B
 
Регистриран: Apr 2006
Локација: Кичево,Македонија
Мислења: 1.654
Популарност: Davor_B ја има оневозможено популарноста
Испратете порака преку ICQ до Davor_B Испратете порака преку AIM до Davor_B Испратете порака преку MSN до Davor_B Испратете порака преку Yahoo до Davor_B Испратете порака преку Skype™ до Davor_B
Lightbulb 11-ти Октомври

1521.- Папата Лав X на англискиот крал Хенри VIII му ја додели титулата „Бранител на верата“ бидејќи кралот објави книга во која се осудуваат идеите на германскиот верски реформатор Мартин Лутер.



1531.- Војската на швајцарските римокатолички кантони ги порази силите на градот Цирих и неговите протестантски сојузници, а во битка загина протестантскиот верски реформатор Улрих Звингли.


1737.- Од земјотресот во Калкута, Индија, загинаа околу 300.000 лица.


1885.- Во Бордо е роден Франсоа Шарл Моријак, француски писател и публицист. Негови најпознати романи се "Дете под товарот на веригите", "Бакнежи за прокажаниот", "Црните анѓели" и многу други дела. Во 1952 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Париз, на 1 септември 1970 година.



1895.- Во Сплит е роден Јаков Готовац, хрватски композитор и диригент. Компонираше опери, хорови, соло-песни, симфониски композиции, сценска музика и друго. Автор е на прочуената опера „Еро од оној свет“. Умре во Загреб, на 16 октомври 1982 година.


1896.- Во Виена умре Антон Брукнер, австриски композитор и свирач на оргули. Компонираше симфонии и црковна музика. Роден е на 4 септември 1824 година.



1899.- Почна тригодишната Бурска војна помеѓу јужноафриканските бурски држави и Велика Британија.



1910.- Во Прилеп е роден Љубен Лапе, редовен член на МАНУ и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој е еден од најзначајните двигатели и основоположници на македонската историографија и архивистика, еден од основачите на Филозофскиот факултет во Скопје. Напиша околу 200 научни трудови. Умре во Скопје, на 24 ноември 1985 година.



1941.- Во Прилеп борците на Првиот прилепски партизански одред извршија напад врз бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа. Со овој чин беше означен почетокот на востанието на македонскиот народ против бугарскиот окупатор, а со цел за конечно ослободување на земјата. На 12 октомври се огласија и истрелите на кумановските партизани. Почна четиригодишната крвава НОВ на македонскиот народ за конечо ослободување на земјата која заврши со успех само во еден дел на Македонија.



1942.- Во селото Крива Река кај Брус, германски и бугарски војници во Втората светска војна ги затворија сите жители во црква и ја дигнаа во воздух, усмртувајќи 320 цивили, воглавно жени и деца.



1945.- Во Кралево, во авионска несреќа загина Панче Неделковски, полковник и заменик командант на ГШ на НОВ и ПОЈ за Македонија, полковникот Димче Туриманџоски и капетанот Стеван Ташков. Панче Неделковски е учесник на Првото заседание на АСНОМ. Неделковски е роден во Скопје, на 24 април 1912 година.


1946.- Градот Велес (во СР Македонија) го доби името Титов Велес, а од 16 септември 1996 година го носи своето старо име Велес.



1947.- Во чест на Денот на востанието на македонскиот народ во Битола и во Штип беа организирани првите фестивали на народни игри, песни и инструменталисти од сите краишта на Македонија.



1953.- Во Скопје, во издание на Матицата на иселениците од Македонија, излезе првиот број на илустрираното списание „Македонија“.


1962.- Папата Јован XXIII го отвори Вториот ватикански сoбор, прв таков собир од 1870 година на кој ги навести рефромите.



1963.- Уме Жан Кокто, француски писател и сликар. Тој е писател кој помина низ сите фази на модерната уметност: кубизам, дадаизам, футуризам, неокласицизам и надреализам. Во неговиоте сценски дела се застапени сите родови на техниката, од пантомима, балет, и мелодрама, до комедии и класични трагедии. Беше и најзабележителен сликар кој ги илустрираше сите свои дела. Од 1955 година беше член на Француската академија на науките. Роден е на 5 јули 1889 година.


1963.- Умре француската пејачка од италијанско потекло Едит Пјаф, ѕвезда на кабарето и симбол на француската шансона. Компонирала шансони и текстови за нив.



1964.- Директно од студиото на ТВ Скопје во Нерези, во 16 часот е емитувана првата емисија-документарниот филм "Востанати" работена по повод 60-годишнината од Илинденското востание.



1972.- Во Скопје свечено е отворена новата зграда на Националната и универзитетска библиотека.


1977. Во атентат е убиен претседателот на Северен Јемен полковникот Ибрахим ал Хамди.


1980.- Двајца советски космонаути ја завршија дотогаш најголемата космичка мисија во вселената, престојувајќи 185 дена во бродот „Саљут 6“.


1988.- Говорот на папата Јован Павле II беше прекинат во Европскиот парламент во Стразбур кога британскиот пратеник од Северна Ирска, протестанскиот свештеник Јан Пејзли извика „антихрист“, покажувајќи транспарент на кој пишуваше „Јован Павле II антихрист“.


1990.- На стадионот „1 Мај“ во Пјонгјанг, главниот град на Северна Кореја, на кој присуствуваа 150.000 гледачи еуфорично беше поздравена победата на фудбалската репрезентација на Северна Кореја над Јужна Кореја со резултат од 2:1. Тоа беше историски пријателски натпревар, прво меѓусебно спортско натпреварување на домашно тло на поделената земја.



1993.- На 86. Генерална конференција на Меѓународната воздухопловна федерација (ФАИ), што се одржа во Тел Авив, од 11 до 17 октомври, Воздухопловниот сојуз на Македонија (ВСМ) е примен за полноправен член.


1993.- Исламски терорист во Осло го рани норвешкиот издавач Вилијам Нигард. Тој ја печатеше книгата „Сатански стихови“ на британскиот писател од индијско потекло Салман Ружди.


1994.- Во Анталија, во Турција на Петтата меѓународна конференција за безбедност и соработка на која учествуваа високи официјални личности од земјите-членки на НАТО и КЕБС, македонската делегација ја истакна заинтересираноста на Република Македонија за интегрирање во НАТО.



1994.- Почна изградбата на пругата Куманово - Бељаковце - Деве Баир кон Бугарија.


1996.- Умре Борислав Трајковски македонски ликовен уметник. Роден е во Битола, на 15 јуни 1917 година.


2002.- Во експлозија на бомба која на пазар во центарот на Хелсинки ја подметна и загина 19-годишниот студент на хемија, кој упатството за правање бомба го „симна“ од Интернет, загинаа седум, а беа ранети 85 луѓе.


2004.- По одлуката на Триполи да се откаже од оружјето за масовно уништување, Европската унија го укина ембаргото врз Либија.


2004.- Во Њујорк умре Кристофер Рив, американски актер. Најпознат е по улогата од филмот „Супермен“. Роден е во 1952 година.


2005.- Во Либерија, најстарата независна африканска држава (од 1847 г.), освен во Етиопија, се одржани претседателски и парламентарни избори, први по 14-годишната граѓанска војна.



2007.- Во Њујорк умре Шри Чинмој, еден од најголемите духовни водачи, поет и активист за мир, музичар, ликовен уметник, спортист, основоположник и организатор на голем број културни и хуманитарни програми. Во 2003 година ја посети Македонија и одржа концерт во Универзалната сала во Скопје. Роден е во Индија, во 1931 година.


Денеска е Преподобен Харитон Исповедник.
Харитон потекнуваше од градот Иконија, во Мала Азија каде проповедаше апостолот Павле. Харитон се овенча со венецот на исповедништвото во времето на царот Аврелијан кога беше мачен и остана во римските затвори сî до смртта на Аврелијан. По излегувањето од затворот, отиде во Палестина и се повлече во пустината Фаран каде што основа манастир. Откако уреди се во манасторот, повторно се повлече во една пустина, во близина на Ерихон. Таму се собраа монаси. Накрајот, основа и трет манастир, познат како Стара Лавра. Се успокои во длабока старост, во 350 година. Неговите мошти се наоѓаат во фаранската семејна гробница.


__________________
"Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing."
Davor_B моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
11ти, октомври

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
18-ти Октомври Davor_B На Денешен ден 0 18-10-2008 01:30
17-ти Октомври Davor_B На Денешен ден 0 17-10-2008 00:40
10-ти Октомври Davor_B На Денешен ден 0 09-10-2008 23:56
8-ми Октомври Davor_B На Денешен ден 0 07-10-2008 23:58
7-ми Октомври Davor_B На Денешен ден 0 07-10-2008 00:36


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 06:57.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68