11-ти Август 1941 - Британскиот премиер Винстон Черчил и претседателот на САД Франклин Рузвелт се сретнаа на еден брод во Атлантикот, каде што ја формулираа и на 14 август ја потпишаа прочуената „Атланска повелба“, чии начела ги прифатија и Обединетите нации во својата Декларација во 1945 година. Во повелбата меѓу другото се истакнува дека територијалната промена мора да биде во согласност со слободно изразената волја на народот, народите имаат право да си избираат за себе облик на владеење по волја и тоа право треба да им се врати на сите, и се предупредува дека народите во светот мораат да се откажат од употребата на сила. 1960 - Чад, држава во Африка која беше во составот на Француска Екваторијална Африка, се здоби со независност. 1987 - Во Охрид умре Живко Чинго, истакнат македонски прозаист и драмски писател. Неговите зборки раскази „Пасквелија“, „Нова Пасквелија“, романите „Сребрените снегови“, „Големата вода“ и драмите „Кенгурски скок“, и „Макавејски празници“, му обезбедија едно од врвните места во современата македонска проза и драмска литература. Роден е во селото Велгошти, охридско, на 13.08.1936 година. 1993 - Пакистан ја призна Република Македонија.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |