11-ети Јули 1921 - Почна борбата за ослободување на Монголија што ја поведе монголската Народна револуционерна партија под раководство на Суха Батор. Овој датум се прославува како национален празник на Народна Репулика Монголија. 1937 - Во Холивуд умре Џорџ Гершвин, голем американски композитор и музичар. Автор е на познатата „Рапсодија во сино“, компонирана за клавир и оркестар. Негово најзначајно дело е операта за животот на американските Црнци „Порги и бес“. Роден е во Бруклин, на 26.09.1898 година. 1979 - Американската вселенска станица „Скајлаб“ по шестгодишно кружење по орбитата околу Земјата, се распадна при приземјувањето. 1982 - Во Белград умре Меша Мехмед Селимовиќ, писател. Негово најзначајно дело е романот „Дервишот и смртта“. Покрај тоа познати се неговите романи „Тишина“, „Тврдина“, „Магла и месечина“, „Круг“, како и збирките раскази „Првата чета“ и „Туѓа земја“. Роден е во Тузла, на 26.04.1910 година. 1995 - Република Македонија и Република Литванија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |