10-ти Јули 1509 - Роден е Жан Калвин, верски реформатор, основач на калвинистичката протестантска црква. Следбениците на Калвиновото учење беа хаугенотите, а во Англија пуританците. Умре во Женева, на 27.05.1564 година. 1834 - Роден е Јан Неруда, чешки писател и публицист, најистакната личност во чешкиот културен живот во втората половина на 19 век. Најпознати негови дела се „Малострански раскази“, „Арабеска“, „Прости мотиви“ и „Балада и романси“. Умре во 1891 година. 1856 - Во селото Смиљан, Госпиќ, роден е Никола Тесла, генијален истражувач и пронаоѓач на полето на електриката и радиотехниката. Умре во Њујорк, на 7.01.1943 година. 1871 - Во Париз е роден Марсел Пруст, француски писател и академик. Автор е на големиот циклус романи. Умре во Париз, на 2.11.1922 година. 1962 - САД го лансираа телекомуникациониот сателит за пренос на телевизиските програми од САД во Европа. 1973 - Бахамските Острови стекнаа независност по три векови британско колонијално владеење.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |