![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| На Денешен ден Денеска во историјата |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| IRC Operator & Moderator | 1684.- Роден е францускиот сликар Жан Антоан Вато, типичен претставник на рококо. Неговото сликарство е со деликатен колорит и осетливи цртежи воглавно посветени на темите од животот на аристократите. 1813.- Роден е италијанскиот композитор Ѓузепе Верди, кој заедно со Рихард Вагнер се најистакнатите романтичарски оперски творци на 19. век. Дела: оперите „Набуко“, „Травијата“, „Трубадур“, „Риголето“, „Бал под маски“, „Моќта на судбината“, „Дон Карлос“, „Аида“, „Отело“. 1837.- Умре францускиот економист Шарл Фурие, социјалист-утопист кој сметаше дека капитализмот е „асоцијален“ бидејки во него поединците се постојано во борба едни со други. Дела: „Нов индустриски и општествен свет“, „Теорија на четири движења“, „Собрани дела“ (шест книги постхумно). 1861.- Роден е норвешкиот поларен истражувач, дипломат и хуманист Фритхоф Нансен, професор по океанографија на Универзитетот во Осло, добитник на Нобеловата награда за мир во 1922 година. Од 1893 до 1896 година ги истражувал Гренланд и Северен леден океан пловејќи со бродот „Фрам“ кој е конзервиран и се чува во близина на Осло. По Првата светска војна се занимава со заштита на воените заробеници и националните малцинства. Како висок комесар во Друштвото на народите раководи со репатријацијата на воените заробеници и придонесува за потпишување на Женевскиот протокол за бегалци. Емигрантскиот пасош наречен „Нансенов пасош“ кој служи како потврда за идентитет за раселените луѓе и сега е во употреба. 1888.- Роден е рускиот револуционер Николај Иванович Бухарин, професор по политички економии на Универзитетот во Москва, кој на бољшевиците им се приклучи во 1906 година по Октомвриската револуција во 1917 година. Дела: „Економика на преодниот период“, „Теорија на историскиот материјализам“ и други. 1892.- Во селото Долец, кај Травник, е роден Иво Андриќ, книжевник, еден од најголемите југословенски писатели. Освен песни во проза, ги напиша и прочуените романи „Мостот на Дрина“, „Травничка хроника“, „Госпоѓица“ и други. Во 1961 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Белград, на 13 март 1975 година. 1901.- Роден е швајцарскиот скулптор и сликар од италијанско потекло Алберто Ѓакомети. 1904.- Во Скопје е роден Сотир Ставридис, македонски хирург и уролог, прв асистент во Хируршката клиника во Скопје, основана во 1947 година, на чие чело, како директор застана половина деценија подоцна. Тој е основач и прв раководител на Уролошкото одделение на Хируршката клиника. Во својот плоден твореки живот објави повеќе од дваесет стручни трудови од областа на хирургијата и урологијата. Умре во Скопје, на 26 јануари 1961 година. 1910.- Во Прилеп е роден Димитар (Димче) Стојанов - Мире, професор по историја, учесник во НОВ на Македонија и делегат на Првото заседание на АСНОМ. На Второто заседание на АСНОМ е избран за член на Президиумот на АСНОМ и повереник за просвета на Македонија. Потоа беше министер за просвета на НР Македонија, претседател на Народното собрание на НР Македонија (1951-1955) и директор на Архивот на Македонија (1960-1978). Еден е од основоположниците на архивската служба во Македонија. Умре во Скопје, на 4 септември 1991 година. 1913.- Заврши изградбата на Панамскиот канал долг 81,6 километри со кој се споени Атлантскиот и Тихиот Океан. Бродовите почнаа да го користат дури на 15 август 1914 година. 1917.- Заради торпедирање на бразилските бродови, Бразил во Првата светска војна и објави војна на Германија. 1943.- Генералисимус Чанг Кај Шек положи заклетва како претседател на Кина. 1944.- Во селото Лаки, на планината Плачковица, е формирана Деветнаесеттата македонска НО бригада која учествуваше во ослободувањето на Македонија. 1944.- Во селото Жегљање, Кумановско, е формирана Кумановската (македонска) дивизија, во чиј состав влегоа Шеснаесеттата, Седумнаесеттата и Осумнаесеттата македонска НО бригада. Имаше околу 5.500 борци. Учествуваше во завршните операции за ослободување на Македонија, а по ослободувањето учествуваше во расчитувањето на теренот од балистичките банди. 1944.- Во Скопје во присуство на 150 граѓани, припадници на сите националности и професии, е одржана првата изборна конференција за избор на Градски народноослободителен одбор. Конференцијата се одржа тајно, бидејќи Скопје се уште не беше ослободено. Беше извршен избор на Градски народноослободителен одбор од 30 членови и Извршен одбор од девет членови. За претседател беше избран Лазар Танев, а за секретар Кирил Пенушлиски. 1944.- Ослободено е Богданци. 1946.- Во Скопје, во црквата „Свети Спас“, со сите државни почести и пред повеќе илјади граѓани од цела Македонија, беа положени моштите на истакнатиот македонски револуционер и идеолог Гоце Делчев, кои два дена порано македонската делегација ги донесе од Софија. 1954.- Виетнамскиот лидер Хо Ши Мин влезе во Ханој, главниот град на Виетнам, кого два дена пред тоа го напуштија француските колонијални трупи. 1964.- Во Токио се отворени Олимписките игри, први во Азија. 1967.- Во Скопје, на свечената седница на Собранието на СР Македонија, е извршено свечено отворање на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). На 23 февруари 1967 година е донесен Законот за основање на МАНУ, а на 9 октомври 1967 година е извршено конституирањето на МАНУ. 1970.- Умре фаранцускиот политичар Едуар Доладер, потписник на Минхенскиот пакт со Германија во 1938 година со кој Адолф Хитлер ја распарча Чехословачка. Меѓу двете светски војни беше трипати премиер, а во Втората светска војна е интерниран во Германија по окупацијата на Франција. 1973.- Потпретседателот на САД Спиро Егњу мораше да поднесе оставка бидејќи беше обвинет дека не плаќа даноци. 1980.- Во земјотрес во Алжир загинаа 2.580 луѓе, а околу 330.000 граѓани во градот Ал Аснам останаа без покрив над главата. 1982.- САД наметнаа санкции врз Полска поради одлуката на полсаката Влада да го забрани синдикатот „Солидарност“. 1985.- Умре американскиот филмски глумец и режисер Орсон Велс. Неговиот прв филм „Граѓанинот Кејн“ е еден од најдобрите во историјата на кинематографијата. Орсон Велс изгради свој стил и секое негово дело носи печат на силна и оригинална личност. Во 1971 година доби Оскар за животно дело. Филмови: режија и глума - „Величенствените Амберсонови“, „Дамата од Шангај“, „Магбет“, „Отело“, „Зрно зло“, „Господин Аркаден“, „Процес“, „Вистина и лаги“, глума - „Третиот човек“, „Хотел Интернационал“. 1985.- Умре американскиот филмски и театарски глумец од руско-ромско-монголско потекло Јул Бринер, еднакво добар во карактерните, авантуристичките и дискретните комични улоги. За филмот „Кралот и јас“ е награден со Оскар, а во театар со години ја играше истоимената претстава. Филмови: „Десетте божји заповеди“, „Анастасија“, „Браќа Карамазови“, „Соломон и Саба“, „Седумтемина величенствени“, „Тарас Буљба“, „Западен свет“. 1990.- СССР и Германија потпишаа договор за повлекување на советските војници од Германија до крајот на 1994 година. Во тоа време во Германија беа 380.000 советски војници и 220.000 членови на нивните семејства. 1991.- Предадено е во употреба студиото на ТВ Прилеп. 1991.- Во главниот град на Канада - Отава, пред неколку десетици илјади присутни, беше откриен првиот светски споменик на мировните единици на Обединетите нации. 1993.- Андреас Папандреу победи на претседателските избори во Грција. 1994.- Во Скопје е отворен Ургентно-хируршки центар при Медицинскиот факултет. 1995.- Израел согласно мировниот договор со Палестинската ослободителна организација го започна повлекувањето од Западниот Брег и од затвор ослободи околу 300 Палестинци. 1996.- Пуштен е во сообраќај автопатот Тетово - Гостивар во должина од 20 километри. 1997.- Падот на авионот DC-9 на аргентинската компанија ALA во Уругвај не го преживеа никој од 74 патници и членови на екипажот. 2000.- Умре државничката Сиримаво Бандеренајке, прва жена премиер во светот. Во историјата влезе станувајќи премиер на Цејлон (сегашна Шри Ланка) на 21 јули 1960 година. Со Шри Ланка управуваше од 1960 до 1977 година и беше еден од основачите на движењето на неврзаните. 2003.- Ширин Ебади, ирански адвокат и борец за човекови права ја доби Нобеловата награда за мир. 2004.- Умре американскиот глумец Кристофер Рив, филмскиот „Супермен“, кој од 1995 година беше врзан за инвалидска количка поради пад при јавање со што скрши два пршлена. Во ваква состојба игра во многу филмови, вклучувајќи го и римејкот на легендарниот Хичков „Прозорец во двор“. Денеска е Св. маченик Калистрат и 49-те негови другари. Овој Калистрат беше од старата Картагина, што се наоѓала на африканскиот брег во денешен Тунис. Роден е во христијанско семејство и воспитан во Христовиот дух. Додека служел војска, некој од војниците го видел како станува ноќе и се моли на Бога, па го поткажал кај заповедникот како христијанин. Овој го затворил, а потоа, откако го изнамачил го фрлил в море. Но, Бог го заштитил и Калистрат излегол од водата неповреден. Гледајќи го неговото трпение при поднесувањето на маките, 49 негови другари ја примиле верата во Христа, заради што биле затворени со Калистрат. Ноќе, во време кога се вршат срамните дела, заповедникот пратил луѓе и ги погубил. Тоа се случило во 304 година. Подоцна, на тоа место, осветено од нивните мошти, била изградена црква.
__________________ "Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing." |
| | |
| Тагови |
| 10ти, октомври |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| 18-ти Октомври | Davor_B | На Денешен ден | 0 | 18-10-2008 01:30 |
| 17-ти Октомври | Davor_B | На Денешен ден | 0 | 17-10-2008 00:40 |
| 13-ти Октомври | Davor_B | На Денешен ден | 0 | 13-10-2008 00:25 |
| 8-ми Октомври | Davor_B | На Денешен ден | 0 | 07-10-2008 23:58 |
| 7-ми Октомври | Davor_B | На Денешен ден | 0 | 07-10-2008 00:36 |