![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| На Денешен ден Денеска во историјата |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| IRC Operator & Moderator | 1939 - Нацистичка Германија без објавување на војна ја нападна Полска. Неочекуваната операција на моторизираните германски сили во Полска го означи почетокот на Втората светска војна. 1943 - Во Корештата, костурско, е формиран македонски партизански одред „Лазо Трповски“. 1944 - Втората македонска НОУ бригада ја нападна железничката станица Богомила, велешко, ја разурна станицата и зароби 40 бугарски војници, меѓу кои и двајца офицери. 1960 - Во Радио Скопје е формирана првата Редакција на Телевизија Скопје и е снимена првата телевизиска вест што се емитуваше преку мрежата на ЈРТ. Редакцијата ја сочинуваа Димче Божиновски - уредник, Драги Аргировски и Димче Марковски - новинари и Благоја Прличков и Димче Гечевски - сниматели-камермани. Од тој ден Редакцијата секојдневно подготвуваше телевизиски извештаи од сите значајни настани во Македонија и телевизиски прилози од стопанскиот, образовно-културниот и спортскиот живот. 1961 - Во Белград почна Првата конференција на шефовите на државите и на владите на неврзаните земји, на која присуствуваа претставници на 25 земји и 40 антиколонијални и ослободителни движења. Тоа беше историски настан со кој неврзувањето прерасна во организирана борба за мир и за правдина. 1992 - Министерството за надворешни работи на Русија официјално предложи Република Македонија да назначи свој официјален претставник во Москва. 1992 - Во Скопје е формирано Македонско здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи. 1993 - Во Женева е отворена Постојаната мисија на Република Македонија при ООН и другите меѓународни организации со седиште во Женева. 1994 - Големото Војводство Луксембург ја извести Република Македонија дека воспоставува дипломатски односи со нашата држава.
__________________ "Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing." |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 1 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| 1ви, септември |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| 30-ти Септември | Davor_B | На Денешен ден | 1 | 30-09-2008 12:31 |
| 18-ти Септември | Davor_B | На Денешен ден | 0 | 18-09-2008 00:15 |
| 16-ти Септември | Davor_B | На Денешен ден | 0 | 16-09-2008 00:10 |
| 15-ти Септември | Davor_B | На Денешен ден | 0 | 15-09-2008 00:10 |
| 12-ти Септември | Davor_B | На Денешен ден | 0 | 12-09-2008 00:01 |