1-ви Август 1968 - Во Врела, кај Макарска, умре Мито Хаџивасилев-Јасмин, македонски револуционер, борец, мислител, државник, новинар и публицист. Посебно значајно место има во развојот на македонското новинарство и публицистиката. Учествуваше во издавањето на речиси сите централни весници во Македонија во 1944 година. Еден е од првите главни и одговорни уредници на весникот „Нова Македонија“, како и на други весници и списанија. Дејствувајќи беспрекорно на полето на новинарството и публицистиката, сосема заслужено го избори епитетот „прво перо“ на македонското новинарство и публицистика. Роден е во Кавадарци, на 21 декември 1922 година.
__________________ "Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing." |