![]() |
| |||||||
| Значајни настани Државни и верски празници, родендени, свечености... |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| #macedonia @ & Moderator | 632 - Во Медина умре Мухамед, основач на исламот, според муслиманското верување - „последниот пророк“. Во 40-тата година почна да проповеда нова вера со еден бог, но во почетокот имаше малку приврзаници. Бидејќи не успеа во Мека, по 10 години отиде во Талф, а подоцна во Медина, каде што ја основа првата општина на нови верници. Роден е на 20.04.571 година. 1810 - Роден е Роберт Шуман, германски композитор и музички писател, еден од најзначајните претставници на романтизмот во музиката. Во своите дела внесе лиричност и интензивност во доживувањата. Особено се истакнува како автор на клавирски минијатури и на соло песни, а компонира и камерна и сценска музика. Компонира четири симфонии и една опера. Умре на 29.07.1856 година. 1883 - Франција воспостави целосна контрола над Тунис, нејзин протекторат од 1881 година. 1904 - Во Есен е основан Круповиот концерн, до крајот на Втората светска војна еден од најголемите германски металургиски монополи, наменет за производство на воен материјал. Концернот е ликвидиран со законите на сојузничката окупациска управа. Меѓутоа, Александар Круп, по излегувањето од затворот во 1951 година, го реконструира, па тој во последно време е еден од водечките концерни во германската металургија. 1942 - Јапонската подморница во Втората светска војна го бомбардира австралискиот град Сиднеј. 1973 - Фашистичкиот диктатор во Шпанија, Франциско Франко му го предаде местото премиер на адмирал Луис Кареро Бланко. Франко остана на функцијата шеф на државата. 1986 - Наспроти обвинувањата за злосторства, кои како нацистички офицер ги изврши во Втората светска војна во Југославија и Грција, поранешниот генерален секретар на Обединетите нации Курт Валдхајм е избран за претседател на Австрија. 1905 - Во Велес е роден Стефан Гајдов, композитор, диригент и педагог од првата генерација македонски музички дејци. Почина во Скопје на 17 јули 1992 година. 1991 - Официјално е соопштено дека во Заливската војна загинале 100.000 Ирачани и 203 војници на меѓународните сили, од кои 144 беа Американци.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 4 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| Јуни |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|