05 Јуни во Историјата 1723. - Роден е Адам Смит, претставник на англиската класична политичка економија. Ги напиша делата „Теорија на моралните чувства“ од областа на етиката, „Истражување на природата и причините на богатството на народот“ од областа на економијата. Умре во Единбург, на 17.07.1790 година. 1947. - Во Париз е објавен Маршаловиот план за помош од САД на Европа, кој го прифатија 16 држави, а стапи во сила во 1948 година. Наречен Маршалов план според името на Џорџ Маршал, тогашен министер за надворешни работи на САД. 1964. - Од Црни Врв е емитуван првиот директен ТВ - пренос на РТВ Скопје. 1970. - Во Милано умре Џузепе Унгарети, еден од најголемите италијански поети. Ги напиша збирките песни „Болка“, „Песни“, „Ветена земја“ и „Крик и пејсажи“. Роден е во 1888 година. 1972. - Во Стокхолм, на Првата конференција на Обединетите нации за животна средина, 5 јуни е прокламиран за Светски ден за заштита на животната средина. 1992. - Во Скопје е формирана Лекарската комора на Македонија - асоцијација која има за цел да ги штити професионалните интереси на лекарите, на докторите по медицина и на докторите по стоматологија.
__________________ "Love is a pathway of many colors and dead ends. But when the right path is chosen, the sights are amazing." |