Стари моми Живо ме интересира која жена се смета за "стара мома"?
Од која старосна граница можеме да кажеме за некоја дека ете таа не е уште мажена и дека станала стара мома, а со тоа на некој начин е обележана.
Во денешно време многу жени не се мажени и спаѓаат во ова категорија, да не кажам модерно време со модерни жени што сметаат дека бракот и заедничкиот живот не е толку важен. Ај ќе речеме дека размислуваат и они модерно дека мажите не им се потребни како такви па одлучуваат да не стапат во брак.
Но не е баш секогаш така, може неможе да си најдат маж па остануваат стари моми, не оти они го сакаат тоа.
Колку да е ова 21 век, во оваа држава тие жени секогаш на некој начин ќе бидат покажувани со прст.
Дури има едно старо непишано правило, "полошо нешто од стара мома нема", што е и вистина.
__________________ Never say never. 3, 2, 1 ... bauuu! |