Просечен маж поминува една година од својот живот зјапајќи во жени, покажало најновото истражување спроведено во Велика Британија. Студијата открила дека мажот дневно проучува единаесет жени, а секоја ја посмата отприлика две минути. Мажите прво гледаат во градите, а потоа во задникот па нозете. Третина од испитаните мажи признала дека поради оваа навика честопати запаѓале во невољи со својата сопруга или девојка.
Девојките нешто помалку го посматраат спротивниот пол. Тие ќе погледнат неколку мажи дневно и својата проценка ја обавуваат во само 90 секунди.
Жените мажите најпрвин ги гледаат во лице бидејќи најмногу ги привлекуваат очите. Ако им се допаднат очите на мажот, тие ќе проверат каков им е задникот, а потоа ќе се обидат да го помирисаат неговиот афтершејв.
Извор: Балтазар