Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Секојдневие > Женски и Машки Разговори

Важни забелешки

Женски и Машки Разговори Универзални муабети за женските и машките проблеми. Како да освоиш жена, како да го натераш мажот да помогне дома, деца и фамилија...

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 17-01-2008, 21:54   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Lux et veritas.
 
Аватарот на No_One
 
Регистриран: Jul 2006
Локација: Во неговите прегратки.
Возраст: 40
Знак: Стрелец
Мислења: 9.806
Блог записи: 22
Популарност: No_One Новодојденец
Стандардно 5 Типови на мажи...

...кои не ви требаат ни најмалку


КОНТРОЛОР

Прв впечаток
Му се восхитувате, зашто е снаодлив и несебично ви помага.


Предупредувачки сигнали
-Чувствува недоверба кон сите од неговата околина кои не се под негова контрола.
-Ако не може да коментира за вашиот приватен телефонски разговор, работа или мејл...тоа го депримира.
-Мисли дека само со негова помош и вие ќе успеете во животот.
-Отворено ви кажува дека без него нема да успеете во ништо.
-Почнува да ги преиспитува вашите одлуки.
-Еден или и двајцата негови родители се доминантни.
-Секогаш нуди предлог или совет, кој се подразбира дека е „најдобар„ и треба да се прифати.
-Се лути и збеснува доколку не го послушате.
-Станува анксиозен ако забележи дека се дотерувате и изгледате навистина привлечно.
-Горд е на неговата тврдоглавост и нефлексибилност.

Клучниот момент зошто треба да добие корпа е затоа што се однесува како да сте негова своина.


СЦЕНАРИСТ


Прв впечаток
Уште на првиот состанок ви раскажува дека неговата последна врска завршила зашто девојката го лажела.

Предупредувачки сигнали
-Знае „подобро„ од тебе која си и упорно тврди дека „подобро те познава отколку ти сама себе си„.
-Често ќе се случи да ти префрли дека никогаш не си тука кога му требаш.
-Знае да каже дека она што го кажуваш всушност не се твои мисли туку нечии други.
-Мисли дека добро знае што е она што тебе ти треба.
-Несебично ти „дава негови идеи„ и среќен е кога играш како што тој замислил.

Клучниот момент зошто треба да бегаш од него што побрзо.....е тоа што „Ти си комплицирана личност„.


БЕЗГРЕШНИК

Прв впечаток
Мисли дека повеќе вреди од сите други.

Предупредувачки сигнали
-Не презема одговорност за неговите дела и неговите чувства, извртува ситуации или бега од нив.
-Замисли...вашата врска се врти околу него...тој, тој и само тој.
-Склон е кон морализирање..ХА!
-Ако случајно го повредиш....враќа сурово и безмилосно.
-Паника го фаќа кога ќе спомнеш иднина/обврска.

Клучниот момент зошто треба да фаќаш патот побрзо, е тоа што твоите проблеми за него стануваат тривијални...но најважно е тоа што Тој добива премија...хахаха...а ТИ омаловажување цел живот!


НЕВИДЛИВ

Прв впечаток
Тивок и срамежлив, а Ти чувствуваш голем успех што си успеала да го извлечеш од неговиот окоп.

Предупредувачки сигнали
-Емотивно ограничен – повеќе им верува на неговите хобија отколку тебе.
-Избегава лутина, конфликти но и страст.
-Му недостига секогаш внимание и знае да „избега„ со мислите далеку така што воопшто и не е присутен со тебе.
-Ретко учествува и допринесува во било што, па така и во врската.
-Поголемиот број на разговори со него не водат никаде.
-Сексуално и не е баш којзнае колку заинтересиран.
-Неколку пати сте се прашале „Да не можеби геј?„

Клучниот момент зошто треба да го баталиш е баш тоа што таа негова невидливост постепено преоѓа и на тебе, стануваш невидлива, не се дружите со пријатели....а после секоја твоја реакција да смениш нешто....одма обвинение„Ти си премногу чувствителна„!


ВЕЧНО ДЕТЕ

Прв впечаток
Се заљубуваш во него зашто му требаш, забавен е и носи возбудување.

Предупредувачки сигнали
-Алергичен е на одговорност, критика и емотивно созревање.
-Верува дека врската напредува и без ни малку труд и вложување.
-Ти даваш, а Тој само прима.
-Често ќе ти рече „ Еххх лесно ти е тебе„
-Уште една негова омилена реченица –„ Зар мојата љубов не ти е доволна?„
-Често флертува и изневерува.
-Пасивно само ЗЕМА, зашто навикнал цел живот за него да се грижи некој друг.

Клучниот момент зошто не ти треба вакво дете е тоа што никогаш не го интересираат иднината, ниту пак било какви планови, зашто “Иднината сама ќе се погрижи за тоа„...а при тоа нормално мисли дека секогаш ќе има некој друг да се грижи за него.


Сте имале ли блиска средба со некој како овие погоре? Како резултирала?
Ај ќе потрошам уште едно прашање...Вие машки се наоѓате ли себе си во некоја од овие комбинации целосно или некој дел?
__________________
Is that a gun in your pocket, or you're just happy to see me...


No_One моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
мажи, типови

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
HTML кодот е исклучен
Trackbacks се исклучени
Pingbacks се вклучени
Refbacks се вклучени

Директно отидете до:


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 23:17.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47