![]() |
| |||||||
| Автомобили, Мотори и Авијација Моторите и маслото ви се во крвта? Вие сте на правото место! |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| _________ Регистриран: May 2005 Локација: Германија
Мислења: 5.919
Популарност: ![]() | Автомобилот „југо“ замина во историјата ![]() „Застава“ од Крагуевац за десет дена ќе го произведе последниот автомобил „југо“. После тоа легендарниот автомобил и неговите „колеги“ скала 101 и „Флорида“ ќе бидат заменети со италијански модели. Последното „југо“ од монтажната лента во Крагуевац ќе се симне на 20 ноември, кога се укинува неговото производство. Тоа ќе биде 794.428 по ред произведено „југо“, во кое жителите на поранешна Југославија, но и на САД, уживаа околу 50 години, а кои во 1980 година го прогласија за автомобил на годината. Но, освен „југото“, во историјата заминува и „скала 101“ и „Флорида“, а компанијата Фиат автомобили Србија во 2010 година во Крагуевац ќе произведува потполно нови модели на автомобили. „Застава“ го започна своето производството во 1953 година, а до денес произвела над четири милиони автомобили, од кои околу 650.000 се дистрибуирани во 76 земји ширум светот. Најголем извоз во историјата на фабриката остварен е во средината на 80-те години, кога на пазарите во САД се пласирано 147.000 автомобили марка „југо“, а како рекордна година во историјата на „Застава“ е запишана 1989, кога се произведени 220.000 возила, пишува весникот „Нови лист“. „Застава“ во тоа време имала над 53.000 вработени. извор: А1
__________________ Yes We Can! |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 4 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| Носталгија, Југо |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|