Топиков го отворам со цел оние кои немаат доволно информации за одреден модел на мотор, да се информираат овде.
За почеток ќе представам еден сосема нов модел од реномираниот Јужно-Корејски производител HYOSUNG чии модели доста успешно се продаваат како во САД, така и во голем број држави во ЕУ и низ целиот свет. Денес решив тоа да биде моделот Aquila GV650.
-Зошто покрај толку многу нови модели од многу пореномирани светски производители токму овој?
-Aquila GV650 е според многумина револуционерен модел на 2-тркално возило поради тоа што во себе ги има интегрирано најсовремените решенија во однос на самиот агрегат кој нуди солидни спортски перформанси, а по конструкција на самиот костур е заправо крузер. Како и кај секој чопер, така и кај Aqula GV650 агрегатот е "V" мотор со 2 цилиндри, но сепак со новитети кои кај овој вид мотори до сега не се забележани. Имено, агрегатот му припаѓа на DOHC системот со 4 вентили по цилиндер, што значи дека има вкупно 8 вентили, решение кое кај DOHC системите дава зголемена компресија во цилиндрите и како резултат на тоа зголемена моќност и при помал број на вртежи во минута. И веднаш да го спомнам и вториот новитет кој до сега не сум забележал дека постои кај ниеден друг модел на мотор со "V" агрегат а тоа е воденото ладење кое кај Aquila GV650 за разлика од неговите роднини со воздушно ладени "V" агрегати обезбедува стабилна работна температура, ја елиминира можноста од прегревање при подолго возење на угорнини и со тоа го оневозможува „малаксувањето“ кое е типично кај прегреан мотор со воздушно ладење. Друга добра страна на овој разладен систем е што нема да се јави нерамномерна компресија во цилиндрите која е типична за "V" моторите со воздушно ладење токму поради тоа што вториот(задниот) цилиндар секогаш се загрева повеќе па по извесен број километри неговата компресија опаѓа во однос на другиот цилиндар. Значи, отстранети се сите мани на досегашните 2-цилидрични воздушно ладени "V" агрегати.
Работната зафатнина е 647 ццм, развива 70КС при 9000вртежи во минута.
Стартува со електро-покренувач, меѓуосовинското растојание е 1700mm, тежок е 218kg, има 5-степен менувач, кочи напред со двојна и назад со единечна хидраулична диск кочница, има хидрауличен куплунг, резервоарот собира 16 литри гориво, инструментите на шалт-таблата се дигитални.
Еве како изгледа GV 650 Aquila во сериска изведба, а на сликите ќе видите и една custom варијанта:
