![]() |
| |||||||
| Автомобили, Мотори и Авијација Моторите и маслото ви се во крвта? Вие сте на правото место! |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Јосиф Сталин | Можете да имате и најквалитетен автомобил, но доколку не се грижите за него, релативно брзо ќе се соочите со сериозни проблеми и трошоци. За да се избегнат повеќето вообичаени проблеми и да се продолжи животниот век на автомобилот, доволно е да е придржувате кон неколку едноставни правила. Палење - повеќето возачи знаат, но не е на одмет да се потсетат, дека при стартувањето на автомобилот сите уреди како фарови, внатрешни светла, вентилација или аудио системот треба да бидат исклучени. Во спротивно, може да се случи акумулаторот да нема доволно струја за стартување на моторот. Број на вртежи - за моторот е најдобро кога работи на оптимален број вртежи, па во склад со ова треба да се регулира и степенот на пренос. Дизел моторите најдобро работат на 2.000, а бензинците на околу 3.000 вртежи. Сепак, многумина не обрнуваат внимание на ова. Според некои истражувања, моторот во услови на градско возење, скоро три четвртини од животниот век поминува во "ладен режим". Прегревање - доколку забележите дека моторот се прегреал би требало веднаш да го запрете автомобилот. Доколку не застанете, по неколку километри целосно би можеле да го уништите. Перење на моторот - доколку не сте доволно стручни, не го перете сами. За оваа намена се користат разни спрејови за одмастување, при што моторот се плакне со слаби млазови вода, за да не дојде до оштетувања на електричните уреди под хаубата. Квачило (кумплунг) - избегнувајте го неговото непотребно користење, бидејќи така се троши ламелата. Замена на масло - менувајте го редовно. Квалитетното полусинтетичко масло обично се заменува на околу 10.000 поминати километри. Минералното масло е неквалитетно, па треба да се замени на околу 5.000 километри. Најквалитетно е синтетичкото масло, кое во просек се менува на секои 15.000 до 25.000 километри, но овие масла се и најскапи. Пневматици (гуми) - за да се продолжи работниот век на автомобилот, треба да се обрне внимание и на пневматиците. Покрај тоа што треба да се оптимално напумпани (доколку се издишани повеќе се трошат, а автомобилот троши повеќе гориво), гумите мораат да бидат и адекватно балансирани.
__________________ The diplomacy is the best thing to solve a conflict. |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 9 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| векот, автомобилот, Како, продолжите |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| Веронаука, СВЕТО ОТКРОВЕНИЕ - Светото Писмо и Светото Предание | barba | Религија и Митологија | 250 | 27-12-2008 19:18 |
| TEMELOT NA PRAVOSLAVNATA VERA | stepo | Религија и Митологија | 72 | 22-12-2008 22:24 |
| ХРИСТИЈАНСКИ БИСЕРИ | gospel | Религија и Митологија | 6 | 06-12-2008 00:16 |
| Soveti za duhoven zivot | stepo | Религија и Митологија | 1 | 26-10-2008 20:16 |