![]() |
| |||||||
| Автомобили, Мотори и Авијација Моторите и маслото ви се во крвта? Вие сте на правото место! |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Кокаин-мен | Извештај од МВР за сообраќајни незгоди Во текот на првото полугодие од 2008 година, бројот на сообраќајните незгоди со настрадани лица (незгди со загинати и незгоди со повредени лица), во споредба со истиот период од минатата година, е во намалување. Имено, во првото полугодие од 2008 година случени се 1696 (1.958) сообраќајни незгоди со настрадани лица што преставува намалување за 13,4 % во споредба со истиот период од 2007 година. Од вкупниот број незгоди со настрадани лица, во населените места се случиле 1257 незгоди во кои 29 лица загинале и 1789 се повредени. На отворените патишта се случиле 439 незгоди во кои 27 лица загинале и 804 се повредени. Според видот на настанување на незгодите, најбројни се меѓусебните судири на возила во движење - 937 незгоди, потоа удар со возило во пешаци - 399 незгоди, па излетување на возила од пат - 201 незгоди, удар со возило во објекти покрај патот - 76 незгоди и тн. По месеци најмноги незгоди се случиле во март - 359, потоа во мај - 343, па во април- 331 и тн. По денови, најзагрозени со сообраќајни незгоди биле вторниците - 258 незгоди, па во средите - 251, понеделниците - 244, четвртоците - 243, петоците - 241 и тн. По часови, најмногу незгоди се случиле во времето од 14 до 15 часот - 117 незгоди, потоа од 18 до 19 часот - 114, од 17 до 18 часот - 112 неѕгоди и тн., додека периодот од 23 до 24 часот бил без незгоди со настрадани лица. Најмноги незгоди со настрадани лица предизвикале возачите на возилата - 1568 незгоди или 92,4 % од вкупниот број и тоа поради следните причини; поради управување со возила со поголема брзина од дозволената и со неприлагодена брзина спрема условите на патот и сообраќајот возачите предизвикале 524 незгоди, потоа поради непочитување на правилата за првенство на минување - 306 незгоди, непрописни и невнимателни движења и свртувања - 202 незгоди, недржење прописна страна и правец на движење – 159 незгоди, непрописно престигнување - 69 незгоди, управување со возило под дејство на алкохол - 63 незгоди, непрописно разминување- 28 незгоди и тн. Пешаците во првото полугодие од 2008 година предизвикале 109 незгоди или 6,4 % од вкупниот број, а патниците предизвикале четири незгоди. Техничката неисправност на возилата била причина за случување на шест незгоди со настрадани лица, поради неисправната состојба на патиштата и патната сигнализација се случиле три незгоди и уште шест незгоди со настрадани лица се случиле од други причини. Во сообраќајните незгоди со настардани лица, настрадале 2649 (3.о48) лица, што преставува намалување за 13,1% споредбено со првото полугодие од минатата година. Притоа, бројот на загинатите лица 56 (80) е помал за 24 лица односно за 30 %, додека бројот на повредените лица - 2593 (2.968) е помал за 375 лица или за 12,6 %. Според категоријата на учесниците во сообраќајот, најмногу настрадани лица се возачи - 1148 и тоа возачи на патнички возила – 742 од кои 13 загинале и 729 се повредени, возачи на мотоцикли - 158 од кои двајца загинале и 156 се повредени, возачи на велосипеди со мотор - 106 од кои еден загинал и 105 се повредени, возачи на велосипеди - 94 од кои четири загинале и 90 се повредени, а останатите 48 настрадани се возачи на други возила од кои 6 загинале и 42 се повредени. Во текот на овој период настрадале вкупно 1о51 патници и тоа патници во патнички возила – 932 од кои седум загинале и 925 се повредени, патници на мотоцикли - 40 сите повредени, патници во автобуси-сите повредени, патници во товарни возила - 22 од кои еден загинал и 22 се повредени, патници на велосипеди со мотор - 17 - сите повредени и тн. Од категоријата пешаци, вкупно настрадале 450 од кои 20 пешаци загинале и 430 се повредени. |
| |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 3 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| Извештај, незгоди, МВР, сообраќајни, read |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|