Дотраени амортизери-замена...репарирање или нови Веројатно, барем оние кои имаат возила постари од 5 години се соочиле со овој проблем. Амортизерите знаат да дотраат и за помал временски рок доколку се експлоатирани по лоши патишта и со големо тежинско оптоварување.
Голем број сервиси кои се занимаваат со оваа проблематика нудат можност и за репарирање на постоечките, стари и дотраени амортизери и даваат гаранција од 6 месеци до една година за извршениот сервис.
Какви се вашите искуства со ова? Дали веќе сте репарирале амортизери и колку сте задоволни од тој вид услуга? Јас лично до сега 3 пати имам носено амортизери на репарирање на различни места и воопшто не сум задоволен. И покрај гаранцијата од една година, амортизерите како репарирани издржуваа најмногу до 4 месеци а ако побарав рекламација бидејки дотраеле во гарантен рок, или не ми ја уважуваа рекламацијата измислувајки разни приказни, или ќе ги поправеа и по 4 месеци стара песна. Најмногу поради тоа последниот пат си купив оригинален сет нови амортизери и ги заменив. |