
Црвеното „алфа ромео“ од 1930 година кое го возеше познатиот фашист Бенито Мусолини продаден е за 550.000 фунти, што е рекордна цена за автомобил од оваа марка. Оваа цена е за 350.000 фунти помала од износот од 800.000, колку што го процени аукциската куќа. Портпаролот на куќата ХиХ смета дека цената на автомобилот е постигната поради уникатниот дизајн, но и поради поврзаноста со италијанскиот диктатор.
- Иако овој автомобил е само еден од 60-те слични направени таа година, неговата каросерија е единствена. Имавме вкупно четири понуди, а најмногу пари за него понуди колекционер од Велика Британија кој сакаше да остане анонимен, додаде портпаролот.