![]() |
| |||||||
| Автомобили, Мотори и Авијација Моторите и маслото ви се во крвта? Вие сте на правото место! |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Кокаин-мен | Потреба од техники на Напредно управување на моторцикл Последната декада е маркирана во пад на бројот на ново продадени моторцикли продадени на годишно ниво во Европа,00 и кај нас во Македонија. Преку 250 000 на почетокот на 1980 и околу 90 000 денес. Тоа не го означува и рефлектира падот на употребата на моторциклот, како и да е дава сугестија или предлог дека моторциклистите се држат за своите машини и не ги менуваат често, но од скоро се гледаат знаци на нови обновувања. Каква и да е состојбата на пазарот, постои голема потреба од било кога за напредни техники на управување на моторцикл. Придобивките на перформансите на возилата – автомобилите, како што се уредите за безбедно управување како АБС кочници, нископрофилни пневматици – гуми, зајакната каросерија и кафези им даваат сигурност на возачите да управуваат со поголеми брзини, да оставаат помало растојание за употреба на системот за кочење и влегување во кривини скоро до лимитот. Сето тоа создава се повеќе и повеќе проблеми за просечниот моторциклист да остане надвор од проблеми на патот, и да се посвети поголемо внимание на дефанзивни техники на моторциклизам. Да бидеме фер према останатите учесници во сообраќајот, слични предности во дизајнот на супермоторциклите – посебно во управувањето, амортизацијата и употребата на разни пневматици – ги охрабруваат моторциклистите да се изложуваат на лимит при влегување во кривина, не оставајќи маргини за грешка. Иако искрено постојат зголемен број на самоиницијативи на примарен тренинг – обука, и повеќе рестрикции планирани за почетниците и неискусните моторциклисти, скоро 1000 моторциклисти, сопатници и пешаци ги губат своите животи секоја година во сообраќајни незгоди. Постои 1 во 60 прилики дека сообраќајната незгода на две тркала ќе се покаже фатална. Споредено со незгодите при автомобилска несреќа, ова го прави моторциклизмот да изгледа многу опасно искуство. Но нема потреба да биде така. Многу моторциклисти можеби после една или две неприлики годишно во нивната моторциклистичка кариера, успеваат да поминат низ својот животен пат без да им се нанесе штета. Техниките кои тие ги користат се наречени техники на напредно управување. Желба за напредување Ниеден моторциклист не е поперфектен во начинот на управувањето на својата машина од било кој возач на автомобил. Поминувањето и полагањето на возачкиот испит е само почеток на ново учење, процес во кој основните вештини се рефинирани и развиени во правец со кои може да се стане ,,мајстор на занаетот,, Овој текст е помош на оние моторциклисти, како и за самиот мене, кои се сензитивни доволно да би дознале дека аспектите на нивното управување на моторцикл можат да се подобрат. Било како да се користи моторциклот за неодложни патувања или само ради задоволство, запомнете дека управувањето на моторциклот безбедно и вешто е далеку поголемо задоволство од управување опасно. Исто така дава и поголема можност на уживање на управување на моторцикл. Многу од тоа е следењето на техниките на концентрирано управување, но советите од безбедносни аспекти како што се одржување на моторциклот, облеката и пневматиката е исто така вклучена. Запомнете дека Напредниот Моторциклизам е практично прирачник или правец на управување, не е легална книга на собрани текстови. Многу млади моторциклисти веруваат дека моторциклизмот е само забава или многу безбедно. Напредните техники на моторциклизмот покажуваат како да се комбинираат безбедноста и вештината, и ќе им ги отворат вратите на уживањето во моторциклизмот. Планирање однапред Сите корисници на коловозот треба да се адаптираат на планирано управување и да имаат систематски пристап во управувањето на нивните возила, но тоа е од поголема важност за моторциклистот. Предуслов на добро управување на моторцикл е способност на концентрација на условите во околината околу себе и предвидување што би било се сучувало напред пред себе, така да секоја маневра е изведена навремено и под целосна контрола. Искуството ги подобрува вештините на моторциклистот во планирањето на сопствените активности и акции, но потребата од концентрација и предвидување никогаш не смеат да се подценат. Секој пат кога го менувате правецот, додавате туража, менувате брзина или употребувате сопирачки – кочење, вашата безбедност зависи од позитивното планирање. Придобивки од планирањето За разлика од автомобилот, моторциклот е понестабилен на своите две тркала. Оставете го сам без подпирање и истиот ќе падне, вознемирувајќи или променувајќи ги деликатните сили на равнотежа додека се движиме би довело до пад и би ве повлекло и вас со него. Најдобар начин да се остане исправено и во целосна контрола на моторциклот е да се одбегнуваат ненедејни промени во релација помеѓу површината на патот и пневматиците – гумите, нагло кочење, тврдо зголемување на брзината, лоша промена на брзините со менување на истите, нагли промени на правецот, итн. Под ова се подразбира дека планирањето однапред со тоа што секоја една промена на условиите е афектирана понежно и постепено. Кoнцентрација и планирање однапред Стабилната концентрација и размислување однапред дава дополнителен бонус во редуцирање на трошење и пропаѓање на сопствената машина. Доколку го управувате својот моторцикл глатко и искористливо, многу од механичките делови на вашиот моторцикл – гумите, плочките на кочниците, менувачот, ланецот, кумплугот, па и машината во целост – ќе потраат подолго и ќе имаат потреба од помалку внимание и одржување. Можеби се развлекува точка на предлог дека моторциклот реагира како коњ на сензитивно управување, но искусниот моторциклист сигурно ќе се согласи дека глаткото и интелегентно употребување на моторциклот дава големо задоволство на одговорот помеѓу моторциклистот и машината, како и подобрување на безбедноста. Вашиот моторцикл може да стане скоро продолжеток на вашето тело, спремно да реагира на вашите команди како рака или прст. Ако вие постојано планирате однапред, вашата машина секогаш ќе биде во правилната брзина на правилната страна од коловозот и ќе се движите со правилна брзина. Останати фактори – како што се внимателно набљудување, добри техники на контрола и осетливоста на коловозот – се исто така потребни, но развивајќи способност да ги одбегнувате потенцијалните опасности е неопходно за безбеден моторциклизам. Независно колку добро еден моторциклист може да ја контролира својата машина во опасна ситуација, тој е побезбеден доколку може да ја предвиди опасноста која доаѓа, да се припреми себе си према тоа, и да ја одбегне. И покрај давањето на комплетна контрола на својата машина во зависност од условиите и концентрацијата, размислувањето однапред ви дава до знаење да ги воочите малите детали на активностие на другите луѓе во сообраќајот. Без целосна концентрација може да бидеш изненаден во секое време од страна на некое дете кое го претрчува коловозот по кој вие се движите, и со тоа ве прави на нагла реакција со притискање на предната кочница и блокирање на задното тркало. Вие можеби ќе го промашите детето и ќе продолжите понатаму со вашето патување, малку потресен и размислувајќи на детското невнимание. Но потребно е да бидете искрени со себе: дали појавувањето на детето би останало неприметено? Можеби знакот на кој наидовме неколку метри наназад и не го погледнавме убаво предупредуваше дека наидуваме на школо? Таа група на луѓе која стоеше покрај големите порти мора да биле мајки кои ги чекале своите дечиња. И часот е 15.30 попладне и време е за одење дома, Со 100 % концентрација вие сте спремни за неочекуваното. Добра вежба е да правите ретроспектива на вашето возење од точка до точка, кратко или подолго, да би ги увиделе бројчано ненадејните акции кои сте морале да ги превземете. Размислувај низ околностите на секоја една и запрашај се себе си колку потенцијални незгоди биле избегнати со малку повеќе концентрација, планирана одговорност на условите на патот и сообраќајот. Добрите моторциклисти првично ги одбегнуваат незгодите отколку да ги преживеат со предвидување на сите можни околности кои би можеле да предизвикаат од останатите корисници на коловозот. Коментирано управување Институтот на Напредното управување секогаш препорачувал дека управувачите на автомобили треба да практикуваат ,, коментирање при возење,, иако тоа не е задолжителен дел од напредниот тест. Како напреден моторциклист може исто така да се има бенефиција од оваа техника, затоа што дава чисто разбирање на вашето антиципирање на настани и ваша реакција и одговор на нив. Не помислувајте и не се секирајте за тоа што другите луѓе околу вас би можеле да помислат доколку ве забележат сами со себе да си разговарате под заштитната кацига. Состојба на умот Коментирањето е посебно добра дисциплина доколку тоа патување ви стане досадно или доколку сте заморени на крајот од работниот ден – во време како тоа концентрацијата можеби ќе падне, дозволувајќи опасни ситуации кои се развиваат пред да станете свесен за тоа. Важно е да секогаш управувате моторцикл со чиста свест, и реализацијата на ова е една од тајните на напредниот моторциклизам. Толеранција и учтивост Треба да сте горди да бидете толерантни и учтиви моторциклисти преку целото време. Дури и најскромните луѓе стануваат иритирани, дури и бесни , кога останатите учесници во сообраќајот посебно оние управувачи на автомобили не обраќаат внимание на безбедноста на моторциклистите – се однесуваат глупаво или непрописно. Никогаш не дозволувај сопствениот стандард на управување на моторцикл да биде во афект, и запомни дека твоето однесување може да биде пример на однесување. Колку и да е влошена ситуацијата, побезбедно е да се даде отпор на било каква тенденција на реакција. Останете ладнокрвни, во контрола и живи и здрави. Краток преглед • Комплетната концентрација и планирањето однапред се основни правила на безбеден моторциклизам; способноста да се предвиди можна активност на друг учесник во сообраќајот вообичаено ќе ве држи настрана од проблеми. • Практикувајте и увежбувајте коментирање при управување со тоа што редовно правите мониторинг – следење на вашата моќ на опсервација и негодување. • Секогаш бидете внимателни на важноста на вашата состојба на умот кога управувате возило; имајте смирено и толерантно однесување цело време. Преземено од www.motori.com.mk |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 1 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| advanced, motorcycle, riding |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|