Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Информатика > Интернет > Веб Дизајн и Програмирање

Важни забелешки

Веб Дизајн и Програмирање Веб дизајнирање и веб програмирање за почетници и професионалци, рецензии, совети, забелешки, помош за изработка на вебстрани.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 01-09-2006, 11:16   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
mixm
 
Аватарот на vardarce
 
Регистриран: Jun 2005
Локација: Buenos Aires
Мислења: 9.002
Блог записи: 34
Слики: 11
Популарност: vardarce ја има оневозможено популарноста
Испратете порака преку MSN до vardarce
Стандардно 10-те најдобро дизајнирани блогови

1. http://orderedlist.com

Прв во листата е блогот на Стив Смит кој е практично инвентор на широко-хоризонталниот поглед. Комбинирајќи ги сината, зелената и црната боја со фонтови кои се поголеми од оние кои вообичаено се користат на повеќето блогови, овој е едноставен и суптилен истовремено. Забележете ја внимателната употреба на иконите насекаде, поставеноста на линковите и коментарите. Бидејќи овој блог автор користи повеќе бои отколку слики, страната изгледа лесно и секако брзо се вчитува.


2. http://superfluousbanter.org

Блогот на Ден Рубин се карактеризира со странични колони чии содржини се прегледуваат од горе надолу, наместо од лево кон десно. Паметно поставените колони го привлекуваат вниманието на посетителот и него го насочуваат кон коментарите за секој пост. Овој автор го има дизајнирано официјалниот template на blogger кој го користат милиони блогери ширум светот, а има измислено и паметна CSS техника за копчиња.


3. http://odds-and-ends.net/photolog

Обично фотоблоговите следат еден стандарден фото формат, но овој се карактеризира со вертикален приказ, одлична типографија и јасна навигација. Секоја фотографија е проследена со соодветен текст, а постојат дури и технички објаснувања за опремата која е користена при сликањето.


4. http://www.joshuaink.com

Блогот на Џошуа е потврда за неговиот талент за дизајнирање. Каскадно поставените цвеќиња кои се спуштаат надолу од двете страни, со силно истакнати Photoshop елементи во главата на страната и footer кој се буди кога на него ќе застанете, овој блог заслужено си го обезбедил местото меѓу најдобрите.


5. http://thebignoob.com

Neubix Studios е дизајн фирма со сопственост на 4 души кои се посветени на сината боја. Блогот почнува со широк поглед на една колона, која подолу продолжува делејќи се на 3. Има фини графички моменти насекаде, од фотографиите поставени во portrait мод па се до суптилните сенки.


6. http://avalonstar.com

Брајан Велосо е човек на третата генерација на дизајнери. Неговата работа кажува многу за него, па вреди да погледнете што се тој има сработено, а ние само ќе кажеме дека ова е човек кој ќе почне да работи на web 3.0 апликацијата уште пред web 2.0 да го доживее својот масовен подем.


7. http://www.simplebits.com

Ден Сидерхолм не е како повеќето познати дизајнери. Неговиот блог е свеж, модерен и редовно update-уван со нови графички дизајн идеи. Човеков има работено со Google и ESPN. Дами и господа, ви го претставуваме SimpleBits.


8. http://www.emotionslive.co.uk

Мајк е слободен дизајн уметник и неговите емоции му служат како портфолио. Ова не е баш блог, но лесно би можел да биде. Постепената промена на зелените нијанси, тридимензионалниот изглед на хедерот во позадината и кружните сенки се графички елементи кои не можат да се видат на друго место. Ова е уникатен сајт кој би можел, ако ништо друго, да ве инспирира.


9. http://www.snook.ca/jonathan

Блогот на Snook користи 4 колони кои се состојат од фиксирани и лебдечки елементи. Дизајнот е по малку строг, но специфичен и прецизен. Специфично е и тоа што одите на пример да оставите коментар на некој пост и истиот секогаш го пишувате во третата колона, во која пак не се наоѓа самата сторија.


10. http://binarybonsai.com

Популарен заради создавањето на default темата за Wordpress, Михаел Хајлман е веројатно најпознатиот дизајнер во тој круг, но веројатно помалку познат по другите платформи. Неговиот блог е дефиниција за AJAX, почнувајќи од javascript архивата, па се до чудните динамички коментари и неговиот личен livesearch. Дизајнот на блогот е типично минималистички.
vardarce моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
10те, дизајнирани, блогови, најдобро

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Купување домен (.com), хостирање и веб-дизајн!!! United Macedonia Веб Дизајн и Програмирање 8 25-10-2008 19:16
Загина дизајнерот на „Ферари“ BorisVM Дневни Вести од Светот 0 08-08-2008 01:30
Корисни програми за веб дизајн BorisVM Веб Дизајн и Програмирање 2 08-05-2006 02:24


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 09:18.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68