![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Македонците во Бугарија Се за Македонците во Бугарија. |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| санце мое санцале Регистриран: Dec 2006 Локација: на скришно место
Мислења: 2.784
Популарност: ![]() | 9.05.2008 17:52 Се засилува притисокот на бугарските власти против симпатизерите и членовите на ОМО Илинден Пирин. Во пресрет на јунската сесија на судот за човекови права во Стразбур, каде се очекува Бугарија повторно да биде на тапет поради поништувањето на регистрацијата на партијата на Македонците, бугарската полиција повикала на информативни разговори стотици Македонци во Пиринска Македонија. Според поканите до кои дојде А1, полицијата во Благоевград ги повикува „омовците“ на распит по дело, но не прецизира за какво кривично дело станува збор. Според поканата истражниот судија по наредба на централата во Софија врши распит на сведоци, но не кажува за кое дело. Полицискиот истражител Елица Калапчка вели дека не може да зборува за акцијата на полицијата во Благоевград. „Не можам да дадам таква изјава. Во Софија треба да се јавите, а не кај мене“, изјави Елица Калапачка, МВР Бугарија. Во прес центарот на бугарското МВР во Софија велат дека не знаат за никаков распит во Благоевград, велејќи дека тоа е работа на локалните полициски сили. „Нема таква официјална информација кај нас. Тоа е работа на локалната полиција. Тие вршат неопходни истражни дејствија. Тое е природно, тоа е нивни случај и тие си го работат“, вели Калапачка. Според информациите на А1, досега над 150 членови на ОМО Илинден Пирин се повикани на распит. По искуството со ланските притисоци, кога на тапет беа раководителите на партијата, сега бугарските власти ги сменија методите и наместо старите искусни членови, ги повикуваат младите симпатизери на партијата. Во јуни се очекува Секретаријатот на судот за човекови права во Стразбур да и наложи на Софија да ја признае партијата на Македонците, а комитетот на министри да упати остар протест против односот на Владата во Софија кон партијата. |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 3 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| Бугарски, Пиринско, терор |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| Владиката Петар обвинет за духовен терор | strich | Македонска Дијаспора | 5 | 23-11-2008 22:32 |
| Тајванскиот Претседател се извини за „белиот терор“ | BorisVM | Дневни Вести од Светот | 0 | 16-07-2008 21:30 |
| БУГАРСКИ КРТ | Makedonski | Вести и Политика од Македонија | 32 | 13-07-2007 12:14 |
| Букарски на Бугарски.. | komita69 | Култура и Уметност | 1 | 06-04-2006 11:20 |