Паѓа цената на Vista За да ги привлече корисниците да ја купат најновата верзија на нивниот оперативен систем Windows Vista, Microsoft одлучи да ја намали неговата малопродажна цена.
Microsoft ќе ја намали малопродажната цена на Vista во текот на оваа година во 70 држави низ светот, паралелно со испораката на најновата, инаку прва поголема надградба на овој оперативен систем под називот Service Pack 1 (SP1).
Пакуваните верзиите на Microsoft Vista продадени преку овластените дилери и преку интернет претставуваат помалку од 10% од вкупниот број лиценци за Windows оперативиот систем, кој е инсталиран на преку 90% од персоналните компјутери во светот.
Колку ќе биде намалена цената сеуште не е познато, а најавено е дека нејзиното намалување ќе варира од држава до држава.
"Веруваме дека оваа одлука ќе придонесе за раст на продажбата" - изјави Бред Брукс, корпоративен потпретседател на Microsoft.
Од лансирањето на Vista во јануари 2007 година, Microsoft продал 100 милиони лиценци од овој оперативен систем. Претходниот месец, податоците за јануари покажаа 30% пад на приходите од малопродажбата во САД.
__________________ The diplomacy is the best thing to solve a conflict. |