Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Секојдневие > Кулинарско катче > Македонски Рецепти

Важни забелешки

Македонски Рецепти Секакви Македонски рецепти и специјалитети.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 13-02-2008, 23:17   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Stay Thirsty My Friends!
 
Аватарот на BorisVM
 
Регистриран: Jun 2001
Локација: Los Angeles, CA.
Возраст: 33
Знак: Водолија
Мислења: 10.729
Блог записи: 6
Слики: 6
Популарност: BorisVM Новодојденец
Испратете порака преку ICQ до BorisVM Испратете порака преку AIM до BorisVM Испратете порака преку MSN до BorisVM Испратете порака преку Yahoo до BorisVM
Стандардно Десерти

Обланди со бисквити

За подготовка на овој десерт потребни ви се следниве производи: - 2 обланди
- 400 гр бисквити
- 7 јајца
- 250 гр путер
- 250 гр шеќер во прав
- 1 лимон
- 1 ванилин шеќер
- 200 мл млеко
- 250 мл вода

Потребно време за подготовка на овој десерт е 30- тина минути.
Јајцата ги кршиме и ги делиме жолчките од белките. Жолчките ги ставаме во сад за матење, а белките во сад настрана. Во садот за матење ги додаваме путерот, шеќерот во прав и ванилиниот шеќер. Матиме со миксер додека путерот не стане пенест. На даската за сечење ја ставаме првата обланда. Ја премачкуваме со фил. Во подлабок сад го ставаме млекото. Секоја бисквита ја потопуваме во млеко. Потоа бисквитите ги редиме врз филот. И бисквитите ги премачкуваме со фил. Врз филот редиме нов ред од бисквити потопени во млеко. Премачкуваме со фил. Врз филот ја ставаме втората обланда со мазната страна нагоре. 200 гр шеќер ставаме во тенџере. Додаваме вода, колку да го прекрие. Го ставаме тенџерето на оган. Белките ги ставаме во сад за матење. Ги матиме белките со миксер. Преостанатиот шеќер го додаваме во изматените белки. Откако шеќерот ќе се растопи од оган го тргаме тенџерето со густиот шербет. Непрекинувајќи со матењето во многу тенок млаз во изматените белки го додаваме врелиот шербет. По кратко време го исклучУваме миксерот. Од шлагот полниме во готварски шприц. Со помош на шприцот ги украсуваме страничНите, како и горната површина наОбландите со бисквити. На крупната страна од рендето врз шлагот рендаме чоколада. Оставаме Обландата со бисквити да се излади. Колачот го сечеме на поголеми парчиња. Едно парче Обланда со бисквити ставаме на чинија за колачи.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино.


Prevzemeno od Hrana i Vino.

__________________
Aleksandra
BorisVM моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
Десерти

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
HTML кодот е исклучен
Trackbacks are исклучен
Pingbacks are вклучен
Refbacks are вклучен
Директно отидете до:


Времето е според зоната GMT +2. Моментално часот е 05:54.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 71 72 73 74