По конечните решенија на Врховниот суд кој одлучуваше по жалбите на партиите, в недела на 15 јуни ќе се прегласува на 187 избирачки места во изборните единици еден, два и шест со запишани 161.874 избирачи. Државната изборна комисија соопшти дека Врховниот суд им преиначил 11 решенија, прифатил жалба на ДПА и одлучил да не се прегласува на девет избирачки места во Тетово и две во Теарце. Врховниот суд прифатил и една жалба на ДУИ, и решил да се прегласува на уште едно место во општина Теарце. Другите жалби биле одбиени како неосновани.
Прочитајте повеќе тука...