Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести и Политика од Македонија > Дневни Вести

Важни забелешки

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 19-02-2008, 03:44   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Ogan pod Zvezdite
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: Skopje, Macedonia.
Возраст: 31
Знак: Шкорпија
Мислења: 4.769
Блог записи: 3
Популарност: barba Новодојденец
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Exclamation УТРЕ ВО АТИНА НОВА РУНДА ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО

УТРЕ ВО АТИНА НОВА РУНДА ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО
Последен предлог за името
Македонскиот државен врв викендот ја подготви стратегијата како ќе се реагира во вторник кога медијаторот во спорот за името, Метју Нимиц, во Атина ќе го даде својот нов и најверојатно последен предлог за името. На саботниот состанок меѓу претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и преговарачот Никола Димитров главна тема биле преговорите за името, но и ситуацијата по прогласувањето на независност на Косово и чекорите во врска со добивање на поканата за НАТО. Извори на „Време“ тврдат дека средбата во кабинетот на Црвенковски не донела никакви темелни промени во македонската позиција за името. На амбасадорот Димитров, кој задутре во Атина треба лично да го добие најновиот предлог од Нимиц, му е препорачано јавно да не реагира на евентуален предлог и да покаже максимална конструктивност во процесот на разговорите. Ваквата препорака доаѓа откако Владата беше критикувана оти за минатиот предлог на Нимиц, доставен во ноември во Њујорк, реагираше експресно одбивајќи го како неприфатлив само еден ден откако беше официјално доставен. Во меѓувреме, Грција продолжува со антимакедонските активности. При посетата на САД, министерката за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани, заедно со грчкиот амбасадор во САД, Александрос Мањас, делела пропагандни материјали со кои ги убедувала американските конгресмени и сенатори дека Македонија има територијални претензии кон својот јужен сосед. На материјалите кои биле делени во комисиите за надворешна политика на Сенатот и претставничкиот дом стои сликата на премиерот Груевски, како се поклонува на гробот на Гоце Делчев, а пред него е истакната карта на голема Македонија со сегашни грчки територии. Засега, никој со сигурност не може да каже што ќе донесе Нимиц во Атина. Во јавноста во последниве недели со приближувањето на, веројатно, последната рунда преговори за името, закажани за 19 февруари во Атина, расте тензијата, но и бројот на неофицијални и официјални брифинзи за можните имиња на Македонија. Последните предлози само ја дополнуваат низата со предлог-имиња, која почна во 1993 година кога Македонија во Обединетите нации прифати да ја именуваат како Поранешна Југословенска Република Македонија. Дипломатски извори тврдат дека дел од шпекулациите биле и сериозни предлози за кои се преговарало, но поголемиот дел намерно се пуштени во обид да се збуни другата страна или да се смири домашната јавност.

www.vreme.com.mk

barba моментално е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
АТИНА, мода, преговори, Тура, рунда

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
HTML кодот е исклучен
Trackbacks се исклучени
Pingbacks се вклучени
Refbacks се вклучени

Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Собранието утре ќе расправа за името BorisVM Дневни Вести 0 02-11-2008 23:50


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 04:35.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47