Уште едно исчезнување на дилер со девизи во Охрид Во Секторот за внатрешни работи - Охрид вчера беше пријавено исчезнувањето на Т.Ц. (1948), кој се занимавал со размена на девизи на градскиот пазар. Според синот, неговиот татко последен пат е виден на 12 април, нешто по 16 часот, и оттогаш му се губи секаква трага, а не се јавува ниту на мобилен телефон.
Охридската полиција презема мерки за пронаоѓање на Т.Ц., а ова е второ исчезнување на дилер со девизи во Охрид за нешто повеќе од година дена. Минатата година во февруари исто така од пред градскиот пазар исчезна Спиро Ставрески. Неговото тело беше пронајдено по неколку месеци, но случајот се уште не е расчистен.
__________________ The diplomacy is the best thing to solve a conflict. |