Велешкиот суд да го забрани рестартот на Топилницата со постоечката технологија и на постоечката локација во Велес. Ридот со над 900 илјади тони оловно –цинкова згура, што од фабриката се депонираше во изминатите 3 децении, да се премести. На чистење од тешки метали да се подложат загаденото земјоделското земјиште и сите јавни зелени површини во Велес. Овие барања ги содржи тужбата што против државата Република Македонија во името на велешани ја поднесоа Зелената коалиција и општина Велес. Тие одлучија да не бараат отштета од една милијарда и 500 милиони денари туку одговорност од државата и отстранување на еколошките последици независно колку Македонија тоа ќе ја чини.
Прочитајте повеќе...