Ниту владиниот авион со националните ознаки на Република Македонија не може да слета во Грција. Грчкиот претседател Папуљас го покани, но тамошните власти не дадоа дозвола “Лирџетот” да го однесе претседателот Црвенковски на самитот на шефови на држави на Југоисточна Европа под покровителство на УНЕСКО кој наредната седмица ќе се одржи во Атина. Поради тоа шефот на државата го откажа своето учество на овој форум на кој не се исклучуваше дека може да се сретне со грчкиот премиер Караманлис.
Прочитајте повеќе тука...