Неколку ученици се полесно повредени во тепачка која се случила завчера во близина на кичевската гимназија “Мирко Милески”. Инцидентот настанал меѓу македонски и албански средношколци од гимназијата. Во тепачката било запалено и поранешното државно знаме со 16 кракото сонце од Кутлеш. Инцидентот се случил по завршувањето на протестот на кичевските средношколци за зачувување на уставното име. Полицијата има осомничен кој го запалил знамето, а целиот случај го води како меѓусебна провокација на две групи која прераснала во вербална расправија.
Прочитајте повеќе тука...